Author: Соња Крамарска

Не можам да ви ветам датум – рече високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Ковачевски, по средбата што ја имаа во владата, откако новинарите инсистираа тој да одговори на прашањето дали Северна Македонија ќе ги почне преговорите во јуни. Борел ја поздрави поддршката на Северна Македонија на Украина и на украинскиот народ, и што нашата земја се придружи кон санкциите за Русија, но подвлече дека добивањето датум за пристапни преговори ќе се случи кога ќе биде изнајдено решение со Бугарија и ќе биде постигнат напредок во реформите. Премиерот Димитар Ковачевски рече пак дека добивањето…

Read More

Австралија и Холандија започнаа правна постапка против Русија во Меѓународната организација за цивилно воздухопловство на ОН поради соборувањето на летот МН-17 на Малезија ерлајнс во 2014 година, јави Си-Ен-ЕН. Летот на Малезија ерлајнс на релацијата Амстердам-Куала Лумпур беше соборен во јули 2014 година со проектил истрелан од проруските бунтовници во Украина. Сите 298 луѓе во авионот загинаа. „Одбивањето на Руската Федерација да ја преземе одговорноста за нејзината улога во соборувањето на летот MH-17 е неприфатливо и австралиската влада отсекогаш велеше дека нема да исклучува никакви правни опции во нашата потрага по правдата“, се вели во заедничкото соопштение на премиерот Скот…

Read More

Задоволство ми е што го почнувам моето патување низ Западен Балкан во фасцинантното Скопје, твитна вечерва високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел кој попладнево допатува во земјава во обид да даде сигнал до Северна Македонија и до регионот за ангажираноста на ЕУ за неговото интегрирање. „Стоиме обединети едни до други. Вашата иднина е наша иднина“, ентузијастички порача тој, во мигот кога земјите од Западен Балкан чекаат уверување од Брисел дека руско-украинската криза нема да влијае дестабилизирачки и дека нема причина за загриженост. Балканската турнеја на високиот европретставник ќе се одвива во длабока сенка на настаните…

Read More

Саудиска Арабија денеска погуби 81 лице осудени за злосторства кои се движат од убиства  – до припадност на милитантни групи, најголема масовна егзекуција извршена во кралството во неговата модерна историја. Меѓу погубените има 73 Саудијци, седум Јеменци и еден Сириец. Во извештајот не е наведено каде се извршени егзекуциите. Државната саудиска прес-агенција ги објави денешните егзекуции, велејќи дека меѓу погубените има и “осудени за различни злосторства, вклучително и убиства на невини мажи, жени и деца“. Кралството, исто така, соопшти дека некои од погубените биле членови на Ал Каеда, групата Исламска држава и поддржувачи на јеменските бунтовници Хути. Коалицијата предводена од…

Read More

Глобалното затоплување ги менува птиците какви што ги знаеме, покажа едно истражување, но не е виновно само зголемувањето на температурата. Истражувачите открија дека градинарските птички, на пример, имаат четвртина помалку пилиња, што има огромни импликации за видот. Чавките, пак, ги снесуваат јајцата 12 дена порано. Некои птици се намалуваат во големина, додека други, како што се црвените птички, стануваат се поголеми. Истражувачите анализираа податоци собрани од средината на 60-тите години во Велика Британија и Холандија за 60 различни видови птици, обидувајќи се да откријат како овие птици се менувале со текот на времето во однос на распоредот за несење јајца,…

Read More

Лидерите на Европската унија денеска ќе гласаат за дуплирање на финансиската поддршка за украинските вооружени сили, изјави високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жозеп Борел. Тој зборуваше со новинарите пред вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ во Версај, Франција. Доколку лидерите одобрат, финансиската поддршка на блокот за украинската војска ќе се зголеми на над 1 милијарда долари. „Сите беа целосно свесни дека мораме да ја зголемиме нашата воена поддршка за Украина за уште 550 милиони долари за да продолжиме да вршиме притисок врз Русија“, рече тој. „Не беше тешко да се убедат лидерите на ЕУ да…

Read More

Естонија нема да издава туристички визи за руските граѓани кои сакаат да влезат во земјата додека трае украинската инвазија, изјави денеска во Талин естонската министерка за надворешни работи Ева-Марија Лиимец. „Естонија повеќе не издава нови туристички визи C и D за руските граѓани. Забраната ќе трае се додека Русија води војна против Украина“, рече таа. „Ние активно работиме за да обезбедиме нашите мерки за одвраќање во овој регион да бидат посилни отколку што беа досега, бидејќи ситуацијата во Европа и во безбедноста драматично се променија и веројатно никогаш нема да се вратат на нивото од 23 февруари“, рече таа. Исклучоци…

Read More

Вознемирувачките сцени од бомбардираното породилиште и детска болница во украинскиот град Мариупол не го оставија никого рамнодушен. Светот со неверување гледа на ова последно злодело на руската армија и со нервозно исчекување се прашува што е следно. Затоа што вооружен напад врз цивилна цели, па уште и породилиште и болница со мајки и бебиња, е врв на нехуманост, нецивилизираност, и воено злосторство без преседан. Но, од друга страна пак, наивно е да се очекува морал од државен лидер кој бескрупулозно прати војска на туѓа територија, во друга држава со меѓународно признаени граници. Следејќи ја таа политика на Путин, и неговиот…

Read More

Лидерите на Германија и Франција Емануел Макрон и Олаф Шолц побараа „итен прекин на огнот“ во Украина за време на денешниот трипартитен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, „инсистирале дека секое решение за кризата мора да се преговара меѓу Русија и Украина“, соопштил извор од Елисејската палата, а пренесе Си-Ен-Ен. Тројцата лидери се договориле дека ќе останат во близок контакт еден со друг во следните неколку дена. Лидерите на Европската унија се состануваат денес во околината на Париз за да разговараат за војната во Украина.

Read More

Кремљ намерно шири отворени лаги дека САД и Украина спроведуваат активности со хемиско и биолошко оружје во Украина, објавија денеска САД, а пораката преку социјалната мрежа Фејсбук ја пренесе и американската амбасада во Северна Македонија. Видовме, се вели во објавата, дека и претставници на Кина ги повторуваат овие теории на заговор. „Оваа руска дезинформација е тотална глупост и не е прв пат Русија да измислува вакви лажни тврдења против друга земја. Исто така, овие тврдења беа разоткриени дефинитивно и постојано во текот на многу години“, се вели во соопштението на Стејт Департментот, кое го пренесува американската амбасада во земјава. „Русија…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред малку објави на Твитер видео од гранатираното породилиште во Мариопул. „Мариопул. Директен напад на руските трупи врз породилиште. Луѓе, деца се под урнатините. Sверство. Уште колку долго светот ќе го игнорира овој терор? Веднаш забранете го небото над Украина за летови. Запрете го убивањето. Моќта е кај вас, но изгледа ја изгубивте хуманоста“, напиша Зеленски на Твитер. На следниов линк можете да го погледнете видеото. https://twitter.com/zelenskyyua/status/1501579520633102349?s=21 https://twitter.com/zelenskyyua/status/1501579520633102349?s=21

Read More

Велика Британија го зголемува снабдувањето со вооружени системи за Украина како „одговор на понатамошни акти на агресија од страна на Русија“, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас. Велика Британија сега испорача 3.615 противтенковски оружја на Украина, а наскоро ќе испорача и мала пратка противтенковски ракети „Javelin“, рече тој пред пратениците во парламентот. Валас рече дека „почетното снабдување требаше да биде 2.000 противтенковски оружја „New Light, мало оружје и муниција“, но тоа е зголемено и Обединетото Кралство ќе продолжи да испорачува повеќе. „Наскоро ќе започнеме со испорака на мала пратка противтенковски ракети Javelin“, рече тој, додавајќи дека целото оружје…

Read More