Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Со одлука на Советот на јавните обвинители мандатот на сите обвинителите на СЈО им престанува и тие од денеска се враќаат во матичните обвинителства каде што работеле пред да бидат префрлени во СЈО. На обвинителката Лиле Стефанова, Советот на јавни обинители и го прекинал мандатот во Обвинителството за органииран криминал затоа што тој мандат истекол во мај 2008 година. Стефанова се враќа да работи во Обвинителството во Радовиш. Обвинителите Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Артан Ајро се враќаат во ОЈО Скопје, Стеефчо Донев во Обвинителството во Кочани, Љубомир Лапе во Обвинителството во Куманово, каде ќе продолжи…
Судбината на обвинителите на СЈО ќе ја решава Советот на обвинители, потврди претседателот Ацо Колевски. Тој за НОВА рече дека чека, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да биде разрешена во Собранието или да и истече мандатот на 15 септември. -За нас нема разлика дали таа ќе биде разрешена или ќе и заврши мандатот. Ние постапуваме по одредбата во Законот за СЈО во која пишува дека мандатот на обвинителите на СЈО не може да биде подолг од мандатот на специјалната јавна обвинителка. Ова значи дека со завршувањето на нејзиниот мандат или со нејзиното разрешување, завршува и мандатот на сите други обвинители…
Јовески најави дека до крајот на следната недела ќе ги распредели предметите на СЈО на обвинители
Предметите од СЈО ќе продолжат во Јавното обвинителтво. Ова им ги помати сметките на оние кои сакаа СЈО да пропадне и да стане институција без иднина. Ваквите замисли направија штета, но пропаднаа, рече министерката за права Рената Дескоска на конференцијата на тема ,,Градење на институционалните капацитети на истражниот центар“ што се одржува во ЈО. „Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15 септември да нема Специјален јавен обвинител, да нема некој кој ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година. Тој план направи штета – но…
Судскиот совет едногласно донесе одлука да го разреши досегашниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски за нестручно и несовесно работење во службата, потврдија за НОВА од Судскиот совет. Според новиот Закон за Судски совет Вангеловски има право да поднесе жалба до Врховниот суд, но тоа не ја одложува денешната одлука на Судскиот совет за негова суспензија од судиската функција. За евентуалната жалба на Вангеловски ќе одлучува деветчлен судски совет во Врховниот суд, составен од тројца судии од Врховен, по еден од четирите апелациски подрачја и двајца судии од матичниот суд на разрешениот судија. Доколку прифатена жалбата на Вангеловски, случајот повторно…
Јовески ќе ги преземе предметите кои ќе му ги дадат од СЈО, соопштија од Јавното обвинителство. Одлуката била донесена на стручен колегиум на јавните обвинители на кој било разгледано писмото од Катица Јанева, но и од обвинителите од СЈО. „Јавното обвинителство го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат…
Професорот по кривично право Гордан Калајџиев не се согласува предметите и обвиненијата од СЈО да преминат во Јавното обвинителство, затоа што тоа предметите ќе се развлечат, судските предмети ќе се забошотат и тоа ќе значи крај за СЈО. „Ова ќе биде доказ дека нема интерес да има независна институција која ќе се бори со високата корупција и дека СЈО беше злоупотребено“, рече Калајџиев. За него е нејасно зошто партиите не избраа наследник на Јанева и што е она што се крие во СЈО, што не треба да го види друг обвинител. „Очигледно таму од самиот почеток се одеше на опција…
„СЈО ја одигра својата улога во еден транзициски период и отвори смело многу предмети – сега со реформите во правосудниот систем, Обвинителството се оспособува ефикасно да го гони криминалот и високата корпуција“, рече академик Владо Камбовски кој учествува на консултациите во Министерството за правда, на кои се подготвува новиот Закон за јавно обвинителство со кој се предвидува сите предмети, истраги и обвиненија на СЈО да преминат во рацете на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, по писмото испратено од Јанева. Камбовски додава дека и кога се формираше Специјалното јавно обвинителство, имаше временски рок до кога законски може да функционира. „Мандатот на…
https://www.youtube.com/watch?v=zJP89a9QRjU Два часа бизнисменот Сиљан Мицевски денеска даваше исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал во врска со случајот „Рекет“. Мицевски беше повикан во Обвинителството од обвинителката Русковска како лице кое треба да даде „потребни известувања“ за случајот. Бизнисменот Мицевски, кој исто така е и почесен конзул на Србија во земјава, кажал дека 720.000 евра префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска, како што таа тврдеше. -Прашајте го Бојан како ќе ми ги врати парите, кажа Мицевски, на новинарско прашање на кој начин очекува парите да му бидат вратени. Тој негира дека имал…
Водителката Лила Филиповска која денеска беше повикана во Обвинителството како лице кое треба да даде потребни известувања, еден час даваше исказ. Откако заврши распитот, таа не одговори на ниту едно прашање и на новинарите им отпоздрави со „Чао друштво“ и им упати бакнеж. Лила Филиповска е блиска пријателка на Бојан Јовановски- Боки 13 и често пати беа заедно на најразлични манифестаци и на заедничики патувања. Филиповска не одговори дали била заедно во автомобилот со Боки 13 беше приведен на граничниот премин Богородица и дали имало торба со пари, ниту пак, дали го посетила во притворот во Шутка, каде Боки 13…
Кривично да се одговора за неисполнети предизборни ветувања – побара Трајко Вељаноски, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ на собраниската седница на која се избираат нови министри и заменици министри во Владата на Заев. Вељановски дополни дека Заев не го ипсолнил ветувањето за намалување на бројот на министри во Владата. „Во Кривичниот закон треба да се интервенира и кривично да се одговора и за неисиполнети предизборни ветувања. Влатко Ѓорчев кој седи до мене во Собранието постојано проверува што сте исполниле од Програмата со која настапивте на изборите. Ветивте дека ќе има 20 министри, но тоа ветување не го исполнивте“, рече Трајко Вељаноски.…
Советот на јавни обвинители денеска донесе одлука да побара од Собранието да почне постапката за разрешување на Катица Јанева. Одлуката како што изјави претседтаелот на Советот е донесена едногласно. Извештајот најверојатно ќе биде доставен до Собранието уште денеска, каде треба да го разгледа прво Комисијата за избори и именувања, а потоа за разрешувањето на Јанева треба да гласа и Собранието. Што ќе се случи со предметите на СЈО доколку Јанева биде разрешена, а не биде избран в.д. шеф на СЈО, претседателот на Советот Штерјев рече дека „во моментов со тоа воопшто не се оптеретува“. Според него, Советот на јавни обвинители…