Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Групата на земји за борба против корупцијата – ГРЕКО во последниот Извештај за Македонија предлага 23 препораки за справување со корупцијата во извршната власт и полицијата. ГРЕКО бара поголема транспарентност од министрите при ангажирањето на советници – ниту едно министерство, освен Кабинетот на премиерот, не ги објавува јавно имињата на советниците кои ги ангажирал, нивните плати и задачите кои ги извршуваат. Освен ова, ГРЕКО бара да се смени и етичкиот кодекс за функционерите и во него да се предвидат и парични и други казни за министрите кои ќе го прекршат. „Пратениците донесоа Кодекс во кој наведоа дека секој подарок поскап…
Директорот на МТВ се гони за проневера на 2 милиони евра.
-Ако не ве стават на велосипед нема да одите напред, ние само вергламе во место со години, рече Никола Попоски пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции. Попоски критички зборуваше за односот на европските земји кон Македонија. -Земјава повеќе од десет години има препораки за отпочнуваење преговори. Сега зборуваме за нешто што требаше да го добиеме уште во 2005. Замислете некој во 2005 да ни кажеше дека во 2019 ќе разговараме за седнување на иста софра со членките на ЕУ- затоа што ние само тоа го бараме, не да станеме веднаш членки…
Судксиот совет, по предлог на еден член од Советот, донел одлука да се отвори постапка за да се утврди дали има одговорност кај екс претседателот на Судот Владимир Панчевски, а во врска со злоупотребите на АКМИС – системот. Според процедурата, Судскиот совет формирал комисија на известители која треба да собере докази и врз основа на тоа да достави Извештај дали имало несовесно и незаконско работење од страна на Панчевски. Панчевски беше претседател на Кривичниот суд во период кога според Извештајот што го подготви независната комисија на Министерството за правда биле утврдени злоупотреби на АКМИС-от односно наместо електронски, предметите се делеле…
Европскиот суд за човекови права во пресудата што ја објави денеска утврди серија неправилности и незаконитости кои му ги прекршиле човековите права на судијата кога бил прогласен за соработник на тајната полиција
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева кажа дека има информации дека многу брзо ќе се донесе новиот закон за јавното обвинителство. Таа не очекува да има драстични промени во законот во однос на статусот на СЈО. -Такви се и препораките од меѓународната заедница, единствено отпор дава опозицијата која е засегната со овој закон, кажа Јанева. Таа исто така рече дека не може за иднината на СЈО да преговара лице против кое има истраги и тој да дава квалификации за работата на СЈО и за неа лично. -Тука мислам на Антонио Милошоски кој многу се занесува во своите изјави, рече Јанева. Таа…
Прашањата поврзани со секојдневното живеење на граѓаните, власта ги стави на страна фокусирајќи се овие две години на решавањето на крупните отворени проблеми во надворешната политика е оценката на дел од експертската јавност за две годишното владеење на тимот на Заев. Аналитичари и претставници на граѓанскиот сектор на половина од мандатот на Владата, позитивно ги оценуваат реформите во социјалата, правосудството, јавната администрација. Владата потфрли во ресорите животна средина, капитални инвестиции и здравство. Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет наведува дека во наредните две години, Владата ја чека уште потешка задача,а тоа е да покаже дека има капацитет да ги спроведе законите…
-Струмичани имаат една изрека „Глеј си раатот“, ја во политиката не влеог да си го глеам раатот, кажа премиерот Зоран Заев на трибината која се одржува по повод две години од формирањето на Владата. -За две години ги затворивме сите отворени прашања, преземавме одговорност што никој не сакаше да ја преземе цели 3 децении. Го зачувавме македонскиот идентитет. Сега граѓаните чекаат јасен потег од Европската унија, рече Заев. Единствено што не интересира е иднината, напомена Заев, додавајќи дека е време на светот да му покажеме друг Балкан кој на соседите гледа како на пријатели и е концентираран на просперитетот на…
Владата очекува во јуни да добие политички сигнал, а во декември да започнат преговорите со Унијата- кажа денеска Бојан Маричиќ, советник на премиерот Заев, на конференцијата „Поглавје 23: Македонско сидро или едро?“. „Како Влада очекуваме во јуни да добиеме политички сигнал по што ќе треба да се изготви преговарачката рамка во која ќе се прецизира и датумот за старт на преговорите, а која ќе биде усвоена во септември или во октомври. Во декември ќе се одржи првата меѓувладината конференција за формален почеток на преговорите“ рече Маричиќ. Преговорите ќе почнат со Поглавјето 23 за судските реформи, борбата против корупцијата и почитувањето…
Антикорупциската комисија ќе го испитува начинот на кој биле доделувани и избрани канцелариите кои ги користат поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски. Иванов откако му заврши мандатот, доби канцеларии во станбените згради на Џевахир Холдинг, а за кои трошоците ќе се покриваат од државниот буџет. Компанијата „Турмак“ АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи попладнево склучија договор за закуп и користење опремен службен простор за потребите на поранешниот претседател Иванов. Како што беше соопштено, месечниот закуп за канцеларијата на Иванов во „Џевахир“ ќе чини 1.950 евра, односно 23.400 евра во период од 12 месеци. Деловниот…
Антикорупциската комисија на денешната седница поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис поради тоа што не поднела анкетен лист за имотната состојба, што е законска обврска. Пановска била именувана за в.д. директор на Хематологија во август 2017 година и оттогаш мандатот постојано и се продолжувал, а таа не доставила анкетен лист. Претходно, Комисијата отвори предмет за Пановска Ставридис по претставката што група лекари од Клиниката го испратија до Комисијата. Во Претставката со која се бараше да се отвори предмет за роднинските врски на првите луѓе на Kлиниката за хематологија и веледрогеријата „д-р Пановски“, а до…
Преговорите меѓу министерката за правда и претставниците на ВМРО ДПМНЕ околу новиот Закон за Јавно обвинителство, продолжуваат. Дескоска рече дека се надева оти Законот ќе биде изгласан со консензус и дека партиите ќе се откажат од барањата за скриени амнестии. „Се надевам дека ќе успееме да постигнеме консензус со принципите кои ни се зададени од Европската унија за владеење на правото. Се надевам дека созрева свеста кај политичките партии дека она што значи барање за амнестија, не смее и не може да биде. Нашето инсистирање да нема можност за скриена амнестија е принцип од кој не можеме да отстапиме, затоа…