Author: НОВА ТВ Mitreska

Тито Петковски се повлекува од челната позиција во НСДП, а потпретседателот на партијата Горан Мисовски и Кристијан Трајковски, директор на станбеното претпријатие имаат амбиции да го наследат досегашниот претседател, потврдуваат од НСДП за НОВА. Кој ќе биде лидер на НСДП ќе се знае на редовниот конгрес на 4 јуни. Општинските комитети на партијата може да излезат со свои предлози, а кандидатите може и сами да се пријават, постапката е отворена, велат во партијата која во  декември 2021 прослави 16 години од основањето.

Read More

Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител ќе ја прибави целокупната документација поврзана со претходната крим евиденција на осомничените. Доколку лицата се осудувани во други држави, јавниот обвинител тоа ќе го има предвид во постапката, велат од Основното јавно обвинителство на прашање на Нова дали обвинителот кој ја води истрагата за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, ќе бара од неговите словенечки колеги информации во врска со тврдењата на тамошните медиуми дека Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството наводно бил осудуван во Словенија за кривично дело поврзано со производство и трговија на синтетички дроги во март 2017 година. Словенечкиот весник Вечер,…

Read More

Судија може да посетува спортски натпревари, под еднакви услови како и за секој друг граѓанин или член на спортски здруженија и асоцијации, но не треба да создава услови за компромитирање на независноста, непристрасноста и угледот на судскиот систем. Ова е мислењето на Советодавно тело за судиска етика при Здружението на судиите кое неделава одржало седница, а се очекува да даде и пошироко образложение, откако неодамна Судскиот совет најави дека за случајот „Палермо“  ќе се изјасни советот за етика  по реакциите за судијата и претседателот на судот во Кавадарци Лазар Нанев кој заедно со обвинителката Фатиме Фетаи и министерот за правда…

Read More

Одлука од Кривичниот совет по жалбата за 30 дневниот притвор на Мухамед Зеќири се уште не сме добиле, но денеска  околу 14 часот тој беше спроведен од затворот во Кривичниот суд каде што присуствуваше на седницата на советот, изјави Филип Андов, директорот на затворот во Шутка за Нова. Одбраната на сега веќе поранешниот генерален секретар на Владата Зеќири поднесе приговор со кој побара укинување на одредената мерка притвор на барање на Обвинителството за организиран криминал . Зеќири е во притвор од петокот под сомнение дека без јавна набавка, во четири очи склучил договор со хрватска фирма за изработка на физибилити…

Read More

Основното јавно обвинителство нема отворено предистражна постапка за можното прикривање на причините за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, ќе чека на резултатите од внатрешната истрага која ја спроведува Министерството за здравство дали некој  сакал да сокрие дека Тот бил претепан, вели шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски за Алфа Тв. – Истрага од ОЈО не е започната, едноставно од причина што доказите кои се однесуваат на настанот се обезбедени. Во однос на првата изјава на медицинските лица, истрага внатрешна има спроведено министерот за здравство. По резултатите ќе видиме дали има некаков сомнеж за некакво учество на некое лице за…

Read More

Тетовските полицајци привела малолетничка која претходно сакала со нож да ја нападне сопствената мајка но била спречена во намерата. При приведувањето биле повикани претставници на стручни служби поради возраста на девојчето. – Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 16,30 часот, во присуство на социјален работник и адвокат за малолетници, лишиле од слобода малолетничка од Тетово, која претходно и се заканила и со остар предмет се обидела да ја нападне нејзината 42-годишна мајка од Тетово, но била спречена во намерата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Девојчето по приведувањето е задржано во полициска станица, а СВР Тетово најави дека…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за нападот на починатиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“  вели дека ракометарот претходно имал лични недоразбирања со 19 годишната девојка која учествува во неговото претепување. За случајот има две лица приведени, а по едно лице се трага. Тој додава дека за ова лице ќе има распишано централна, но и меѓународна потерница. На прашањето дали истото лице можеби ја напуштило државава, Спасовски вели дека засега немаат такви информации. – Најпрво сакам да отфрлам со индигнација се она што деновиве се пласира во јавноста за наводно сокривање на овој случај или застој во истрагата. Веднаш…

Read More

Ја почитувам одлуката на Мухамед Зекири да се повлече од функцијата. Тоа е акт на политичка одговорност. Владата во најскоро време ќе започне постапка за избор на нов генерален секретар, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски очекува целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството. -Очекувам целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството и судските органи и целосно почитување на пресумцијата на невиност. Владата во најскоро време ќе започне постапка за избор на нов генерален секретар, изјави Ковачевски. Мухамед Зекири, денеска на својот фејсбук профил објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. Оставката следува откако Јавното обвинителство за гонење на…

Read More

Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири на Фејсбук  поднесе оставка, откако Обвинителството денeска отвори истрага против него и против уште двајца поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба во јавна набавка спроведена незаконски. -Почитуван претседател на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски. Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија. Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста…

Read More

Утринава, во тетовското село Селце, син со секира ја убил својата мајка, информира полицијата. -Денеска околу 8, 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово, во тетовско Селце, го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил неговата 73-годишна мајка Н.Д, вели полицијата. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина, информираат од МВР. Осомничениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. -По наредба на Јавен обвинител, безживотното…

Read More

Истрагата се водеше од Министерството за внатрешни работи, а Обвинителството го доби случајот во втора половина на 2021 година, изјави за Слободен печат обвинителката Вилма Русковска за истрагата против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани. Таа објаснува дека надлежниот обвинител издал повеќе наредби за собирање докази и во текот на вчерашниот ден стигнало и последното известување, по што е донесена наредба за спроведување истрага и предлог за определување мерка притвор за осомничените. -По таа мерка, Судот ќе одреди како ќе постапува понатаму. Имаме податок за тоа каде се парите. Осомничените хрватските државјани, според нашите информации,…

Read More

Земјотрес со магнитуда од 3,1 степени според Рихтеровата скала според Европската макросеизмичка скала, синоќа бил почувствуван од населението во Ресен, Дебар и околината. Според Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, се случил во 23 часот и 49 минути, а е регистриран на 115 километри југозападно од Скопје со епицентрално подрачје во Дебар

Read More