Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Во последното деноноќие во Албанија потврдени се 550 нови случаи со ковид-19 што е двојно повисока бројка од оние во изминатите денови и е највисока бројка во последните три месеца. – Се зголемува бројот на новозаразени. Во последните 24 часа од направените 1.537 тестови вирусот е потврден кај 550 или 35,8 отсто од тестираните. Регистриран е еден починат а на болнички третман се 19 пациенти, соопшти министерството за здравство и социјална заштита. Министерството го повторува апелот граѓаните да се вакцинираат, да се повнимателни, посебно во периодот кој следува кога се зголемуваат контактите поради движењето во летната сезона. Потсетува дека секое…
Гислејн Максвел е осудена на 20 години затвор во САД затоа што му помагала на посрамотениот милијардер и финансиер Џефри Епстајн во злоупотребата на девојки. Максвел (60) беше осудена во декември за регрутирање и трговија со четири тинејџерки за сексуална злоупотреба од страна на Епстајн, нејзиното тогашно момче. Еден од обвинителите претходно пред судот изјави дека таа треба да остане во затвор до крајот на животот. Епстајн се самоуби во затворска ќелија во Менхетн, Њујорк, во 2019 година. Злосторствата на Гислејн Максвел се случувале повеќе од една деценија, помеѓу 1994 и 2004 година. Пред изрекувањето на пресудата, Максвел, облечена во…
Борачот Владимир Егоров го донесе првиот медал за Македонија на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир, откако успеа да победи во репасажот против домашниот борач Албделхак Хербаче. Егоров триумфираше со убедливи 7:2, а го победата дојде во завршницата откако Хербаче имаше водство од 1:2. Но, македонскиот репрезентативец успеа да освои шест поени за две минути да оствари убедлив триумф и да дојде до бронзениот медал. Овој медал е најава за вечерашното финале на Магомедгаџи Нуров, кој против Турчинот Ататурк ќе се бори да донесе прво злато за Македонија на овие Медитерански игри. Македонија вечерва ќе освои уште еден…
Заврши расправата за предлог-измените на Законот за работни односи на Комисијата за европски прашања. Потпретседателката на комисијата Арта Биљали Зендели вели дека седницата е затворена, бидејќи завршија двата дена за расправа во работното тело предвидени за закони со европско знаме и по скратена постапка. Таа соопшти дека од поднесените 388 амандмани разгледани се само два, поради како што рече, тоа што опозицијата ја блокирала работата со процедурални забелешки. Пред претресот по амандманите, во процедурална забелешка координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека нема да се навраќа на сето она што се случуваше во текот на вчерашниот ден…
Како гром од ведро небо одекна веста дека извршниот директор на лабораторијата „Биогруп“, Стефан Ајмер е пронајден мртов во Париз. Овој многу успешен бизнисмен донесе голем раст на својата компанија од појавата на ковид-19. Имаше 52 години. Тој беше еден од најважните лидери во оваа индустрија. Стефан Ајмер, извршниот директор на лабораторијата Биогруп е пронајден мртов во Париз, според информациите на Le Parisien, потврдени во краткото соопштение на Biogroup, пренесува BFMTV. Полицијата соопшти дека ги истражува причините за смртта. 600 милиони лично богатство Biogroup, основана во 1998 година, е еден од француските скапоцени камења во областа на лабораториите. Компанијата, која…
Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Ниинисто, а во меѓувреме истата изјава дојде и од НАТО. Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска, наводно, потпишале меморандум за проширување на НАТО со двете северноевропски земји и за укинување на блокадата од страна на Турција за нивниот пристап. – Постигнат е трипартитен договор, беше кажано во НАТО, чиј генерален секретар Јенс Столтенберг наскоро треба да открие повеќе детали. Ваквиот развој на настаните доаѓа непосредно пред самитот на лидерите на НАТО во Мадрид. Како што е познато, турскиот претседател Реџеп Таип…
„И пратениците се луѓе“, изјави пратеничката на ДУИ Арта Биљали-Зендели откако беше запрашана како ги коментира вчерашните инциденти и тензии на собраниската седница на Комисијата за европски прашања во во гостувањето на емисијата „Топ тема“. -Тензиите се толку големи, особено откако ВМРО почна со активната блокада. Арбер е многу смирен, многу мирен и пак зборува со колегите од опозицијата. Тој како човек толку добро ги развива односите со другите, што јас мислам дека имаше голема провокација што го извади од такт. Јас мислам дека треба други органи и институции да кажат за тоа вчера. Не сум за насилство, знам каков…
На денешната седница Владата го разреши досегашниот директор на затворот Идризово Реџеп Реџепи. Тој беше на функција како кадар на партијата Алтернатива откако таа му се приклучи на парламентарното мнозинство, пишува Нетпрес. Од Владата на соопштуваат зошто е разрешен и дали евентуално тоа има врска со неодамнешните полициски претреси во затворот. Неофицијално, главна причина е фактот дека во затворот беа пронајдени дрога, ножеви и мобилни телефони. На местото на Реџепи, именуван е Шпенд Тахири, исто така кадар на Алтернатива.
Германија е на пат да ја изгради најголемата европска конвенционална војска во НАТО, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. – Германија, заедно со САД, во моментов „секако го дава најголемиот придонес” за НАТО, изјави лидерот на социјалдемократската партија за телевизија АРД по самитот на Г-7. – Најголемата конвенционална армија на НАТО во Европа е во изградба и тоа е важно за севкупните одбранбени способности на Алијансата, рече Шолц за време на разговорот. По руската инвазија на 24 февруари, германската влада најави формирање на вонреден фонд вреден 100 милијарди евра за модернизација на Бундесверот. – Во просек ќе трошиме меѓу 70…
Телото на 61-годишната актерката Мери Т. Мара е пронајдено во реката Сент Лоран, соопшти државната полиција на Њујорк. Според полицијата Мери се удавила додека пливала во реката во градот Кејп Винсент во неделата наутро, се наведува во соопштението. „Мери беше една од најдобрите актерки што сум ги запознал. Сите ја сакаа. Ќе ни недостига“, изјави нејзиниот менаџер Крег Дорфман. „Телото на Мери е пронајдено утрото во нејзината омилена река. Таа се удавила додека пливала“, изјави ПР на актерката. Мери Мара го имаше своето телевизиско деби во 1989 година, но својата најголема популарност ја стекна неколку години подоцна. Деведесеттите ѝ донесоа…
Рано утрово во 02.48 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив на лекарски преглед се јавиле И.Е.(22) и А.Е.(18) од с.Арачиново, скопско и А.А.(20) од Скопје. Според полицискиот билтен на 26.02.2022 околу 22.00 часот во с.Арачиново, по претходна вербална расправија и нарушени семејни односи со И.Е., неговиот роднина Р.Е. со огнено оружје испукал кон патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле И.Е., А.Е. и А.А., но, според пријавеното, никој не бил повреден од пукањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Утре 29.06.2022 година (среда) со почеток во 19:00 часот на плоштадот во Автокоманда, општина Гази Баба организира музучки хепенинг под мотото “Семејството столб на општеството – Децата иднина на светот”. На музичкиот хепенинг ќе настапи група од детскиот фестивал Поточиња, а за дечињата е подготвено дружење со омилените ликови од цртаните филмови, како и кловнови и други детски аниматори. Градоначалникот Бобан Стефковски во објава на официјалната страна на фејсбук најави дека естрадниот уметник Ламбе Алабаковски ќе биде гостин на музичкиот хепенинг. Градоначалникот Стефковски ги поканува жителите на општина Гази Баба со своите дечиња да земат учество на хепенингот.