Author: НОВА ТВ Terziova

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не го стави на гласање предлогот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески, кој побара на денешната собраниска седница да се разгледа прашањето за преговорите со Софија и преговарачката рамка со ЕУ, предложено од француското претседателство. „Република Северна Македонија е првата точка во Парламентот на Бугарија, а во нашиот Парламент не се расправа за преговорите. Срамота е што за земјата се зборува во други парламенти освен во нашиот“, рече Мицевски. Џафери објасни дека не може да го стави предлогот на гласање бидејќи за да може прашањето да се разгледува во Парламентот треба да…

Read More

Поради туристичката сезона, кога е зголемено движењето на граѓаните, а со тоа можноста да се пренесе зараза со мајмунски сипаници и во земјата, Албанија ги набави првите тестови за оваа болест. Според Институтот за јавно здравје, ако сè уште нема потврден случај на мајмунска сипаница, обезбедени се првите 250 тестови, со кои ќе се дијагностицира сипаница во лабораторијата на Институтот. – Во оваа лабораторија ќе можеме да ги тестираме сомнителните случаи и нивните контакти, без да ги испраќаме во референтните лаборатории, изјави министерка за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, . Албанија и понатаму е земја со низок ризик за…

Read More

Согласно членот 23 од Законот за мирно решавање на работни спорови, кога ќе изброите 20 дена, денеска е 27-ми јуни и никој досега не не повикал. Од утре веќе нема што да се помируваме, рече претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски во емисијата „Топ тема“. „ССМ е со ставот дека треба да се случи тоа што ни беше ветено на 1-ви мај. Доколку тоа не се случи, ние ќе го бараме излезот во Собранието преку овој амандман. За утре идејата ни беше да поставиме столчиња колку што има во Комисијата за буџет и финансии, но ете…

Read More

Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во руски ракетен напад врз трговски центар во Кременчук, пренесува АФП, повикувајќи се на изјава на регионалниот гувернер на Полтава. Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави видео од акцијата за спасување на цивилите што се одвива во трговскиот центар во Кременчук, кој денеска беше нападнат од руските сили. „Нашите спасувачки служби моментално работат на расчистување на остатоците од трговскиот центар, кој денеска беше нападнат од Русите со крстаречка ракета. Погледнете што остана од него“, вели Герашенко во видеото. https://www.youtube.com/watch?v=R5tC0K3PRGQ

Read More

Две лица се повредени и веднаш пренесени со возило на итната помош во Ургентниот центар на скопската Клиника, откако автомобил „рено“ удри во ѕид на влезот на Делчево. По несреќата на повредените лица им била укажана прва медицинска помош при што биле констатирани тешки повреди, поради што се транспортирани во Скопје. Сообраќајот по несреќата е регулиран од припадници на сообраќајната полиција, а на самото место е извршен првичен увид и притоа задржано е друго возило кое без видливи штети се наоѓа на местото каде се случила сообраќајната несреќа.

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги зголеми царините за руската стока на 35 отсто, како дел од суспензијата на статусот на најповластена трговска нација, што ја имаше Русија досега, објави Белата куќа. Зголемувањето на царинските стапки на 35 отсто се однесува на увозот на „одредени други производи од Руската Федерација, чиј увоз досега не беше забранет“, се наведува во соопштениетона Белата куќа,  пренесено од британските медиуми. Поради војната во Украина, администрацијата на Бајден претходно забрани увоз на руска нафта и енергија, риба, морски плодови, алкохолни пијалоци и неиндустриски дијаманти. Сè уште не е објавен анекс со списокот на производи што…

Read More

Доколку сакате да посетите некоја од земјите членки на Европската Унија, од мај 2023 година ќе треба да издвоите дополнителни 7 евра. ЕУ соопшти дека ќе стартува Европскиот систем за патнички информации и авторизација (ЕТИАС) со кој за сите граѓани од земјите кои безвизно можат да патуваат низ Унијата, ќе биде неопходно пополнување електронска апликација за детална безбедносна проверка. Според најавите оваа апликација ќе се пополнува едноставно, онлајн, за 10-тина минути, а со оваа процедура ќе бидат опфатени околу 60 држави низ светот, меѓу нив и Северна Македонија. За оние држави на кои досега им беше потребна виза за влез…

Read More

Собранието го усвои Законот за заемот за финансирање на изградбата на фотонапонска централа во Осломеј, проект на ЕСМ како дел од енергетската транзиција на земјата, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши. Како што вели Бектеши, изградбата на фотонапонската централа во Осломеј е од големо значење за зголемување на енергетската независност на државата и зголемување на производство на електрилна енергија од сонце, односно реализација на зелената агенда. Изградбата на фотонапонската централа Осломеј ќе чини 8,8 милиони евра и истата ја финансира АД ЕСМ – Скопје со заем од ЕБОР без државна гаранција, во износ од 5,9 милиони евра, како…

Read More

Имплементацијата на билатералниот договор меѓу Софија и Скопје и протоколите и документите кон него стануваат дел од преговарачката рамка на Македонија за преговорите со ЕУ. Ова се случува за првпат, не го криеше оптимизмот поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева во изјава за „BG on air“. -Република Северна Македонија мора да подготви патоказ и да покаже трајна политичка волја и трајно спроведување на обврските за човековите права. И овој патоказ, кој треба да го подготват, ќе се следи од отворањето на кластерот „фундаментални прашања“ до крајот на преговорите и секоја година ќе треба да се разгледува. ЕК ќе известува,…

Read More

Четворица минувачи се повредени во Будимпешта денеска откако врз нив паднале делови од покривот и фасадата на една станбена зграда. Во инцидентот голем број автомобили се оштетени, јавува АП. https://twitter.com/medrivaHU/status/1541372138120105984?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541372138120105984%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-se-urna-del-od-zgrada-vo-budimpeshta-chetvorica-minuvachi-povredeni%2F Полицијата од Будимпешта соопшти дека во тек е пребарување на урнатините и на самата зграда, но засега нема индиции за евентуални жртви. Приодот кон овој дел од градот е блокиран до завршувањето на истрагата. https://twitter.com/verasarkozi/status/1541404819910443008?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1541404819910443008%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-se-urna-del-od-zgrada-vo-budimpeshta-chetvorica-minuvachi-povredeni%2F

Read More

„Top Gun: Maverick“ официјално станува вториот филм од 2019 година кој надмина милијарда долари на глобалниот бокс офис. Во продолжението на „Top Gun“ од 1986 година, се гледа враќањето на пилотот на Том Круз, Пит „Маверик“ Мичел. Филмот го прикажува Маверик кој овојпат ја презема учителската улога, тренирајќи нова група пилоти за опасна мисија на непријателска територија, вклучувајќи го и Петелот (Мајлс Телер), синот на покојниот Гуска (Ентони Едвардс). „Top Gun: Maverick“ заработи речиси универзално позитивни критики и од публиката и од критичарите, при што многумина ги фалат импресивните воздушни борбени секвенци. Косински претходно изјави дека снимиле над 800 часа…

Read More

Советникот  на ДУИ во Охридскиот Совет и познат бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, добија ослободителна пресуда  за насилството врз нивниот сограѓанин Спиро Топаловски, што се случи пред 2 години пред еден охридски хотел. Судијката Билјана Белевска Пројковска, во пресудата наведува дека е неспорно оти двајцата браќа го нападнале Топаловски и му нанеле повреди, што е потврдено и со лекарски прегледи  и со снимки од видео надзорот, сепак, поради контрадикторните изјави на Топаловски, судот не утврдил дека тој е оштетен. И сведоците кои биле присутни пред судот кажале дека ништо не виделе. Иако на снимките јасно се гледа како е…

Read More