Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Вчера во 21.31 часот во с.Ласкарци, скопско две лица пукале кон Р.Ќ. од истото село, а случајот бил пријавен во СВР Скопје. Р.Ќ. се здобил со повреди, по што починал во возило на Итна медицинска помош при транспорт до Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје
Дополнетиот ребаланс на Буџетот е усвоен денеска на седница на Влада, а во него, како што информира Министерството за финансии, се вградени амандмани со кои се обезбедени дополнителни 25 милиони денари за здравството, животната средина и инфраструктурата. – Средствата се обезбедени преку прифаќање на амандманите во текот на комисиската расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет по предлог ребалансот на Буџетот за 2022 година. Со нив меѓу другото се решава трајно проблемот со индустриската депонија во Југохром, се обезбедуваат средства за мамографи за болниците во Струмица и Неготино, прочистување на коритото на реките Вардар и Треска, реконструкција на Мороишки…
Ајкулата која уби две жени во Хургада, Австријка и Романка е наводно е убиена. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како луѓето го извлекуваат телото на огромната ајкула од водата. Веднаш било утврдено дека се работи за тигреста ајкула, а резултатите од анализата се очекуваат во наредниот период. Првиот напад на ајкула се случил во петокот околу 19 часот, релативно блиску до брегот, пред многу луѓе, од кои некои се обиделе да и фрлат јаже на несреќната Австријка за да се спаси. Во понеделник на социјалната мрежа ТикТок, Србинка, која се наоѓа во Хургада, со своите…
Д-р Кристијан Ристовски е стоматолог во хумана мисија кој помага на лица со попреченост. Низ неговата ординација поминале над 430 пациенти со аутизам, Даунов Синдром, церебрална парализа и други видови попреченост за нормално функционирање на овие прекрасни луѓе. Годинава тој и неговиот тим се стекнаа со титулата Амбасадори на Аутизмот, а ординацијата беше ставена на мапата на Autism Friendly Spaces на Европа. Ристовски за Нова ТВ истакнува дека отсекогаш сакал да остави траен белег во стоматологијата. Отворил ординација која како што вели тој, работи малку по различно од сите други. Приказната за Кристијан и лицата со Даунов синдром и со…
„Во рамките на Парламентот да формираме работна група каде ќе си ги кажеме нашите аргументи. Искуството вели дека не можеме да се потпреме на аргументите на Османи и СДСМ“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот протест пред Владата. „Да формираме работни групи, бидејќи денеска гледаме дека утре предлогот ќе поминувал на Влада, па таков ќе доаѓал на пленарна седница и се создава тензија“, рече Мицкоски. Тој потенцира дека „само оние на кои не им одговара масовност, сакаат да имаат радикализација“. „Во периодот кој што следи очекувам голем број граѓани да ни се приклучат и да имаме масовна поддршка…
Отворањето на Уставот за внесување на бугарското малцинство ќе помине со потребното мнозинство во Собрание, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Земајќи ги изјавите на политичките партии, дури и на опозициската, по однос на отворање на Уставот и внесување на Бугарите, Црногорците и Хрватите, очекувам не само две-третинско мнозинство, туку 118 пратеници ќе гласаат „за“, кажа Османи. Според него, прво тоа е наш интерес за да го утврдиме правецот на нашите односи со Бугарија, а второ затоа што е универзално право и немаме критериуми по кои што ги делиме граѓаните, освен 20% кој што е критериум по кој се…
Потпретседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во емисијата 24 анализа рече дека со Грција сме имале подобри предлози од пред 25 години, а сега имаме три затворени патишта и еден кон ЕУ. – Сите партии се за тој пат, но овој процес на преговарање беше многу нетранспарантен. Сите бараа од министерот на МНР да ги брифира. Можеше да биде помек ставот на партиите, иако генерално го прифатија, а поентата е кој ќе поентира политички. Реакциите се насочени кон тоа, не треба толку емоционално да се реагира, трезвено треба да се размислува. Се работи за иднината на нашите деца, рече…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи објави дека францускиот предлог е претставен пред Стратешкиот совет. „Денес францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР, со цел одржување на консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата“, вели Османи
Претседателот на собраниската комисија за европски прашања Арбр Адеми во емисијата 24 анализа рече дека протестите се загарантирани со устав и се организираат во рамките на законите и секогаш е дозволено да се изрази револт. Во вакви околности, не очекував протести, дека четирите најголеми политички партии се стремевме за постигнување на стратешките цели, НАТО и ЕУ. Протоколот е во насока на имплементација на еден дел од договорот зсо Бугарија, кој не е дел од Преговарачката рамка. Треба да се воздржиме од насилство, протестот треба да биде исконтролиран. Се работи за наш имот и не треба да оставиме лоша слика. Не…
Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието, велат од СДСМ. „Вечерва има обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени“, се вели во соопштението.
Лидерот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов вечерва во вестите на ТВ Сител изјави дека дефинитивната одлука за францускиот предлог треба да ја верифицира Парламентот. -Владата може да донесе одлука да ја прифати преговарачаката рамка, но тоа е огромен ризик. Клучно е целиот процес сега да биде презентиран пред граѓаните и да се види гласот на народот. Голем број експерти имаат сериозни забелешки за францускиот предлог и тоа мора да се респектира. Јас предлагам доколку остане вака рамката, да се изјаснат граѓаните за тоа преку референдум. Ако тие поддржат, определбата на граѓаните е да се оди напред. Треба да…
Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог. По кусиот настап, порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани имињата на овие договори. Против пејачот во тек е постапка во која тој е осомничен за палење на влезната врата на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола.