Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Влатко Чаловски
Испратени три деманти со барање за исправка, два од Антикорупциска и еден од Државниот архив, но одговор на прашањата на НОВА нема
Решението за уништување на архивскиот материјал од 2002 до 2014 година, Државната комисијата за спречување на корупцијата го донела на 24.април годинава, само еден ден откако СЈО ги побарало документите
Државната комисијата за спречување на корупцијата на 24.април годинава донела решение за да уништи архивски материјал од 2002 до 2014 година. Државниот архив ја примил листата со попис на документите за уништување и дал дозвола за да се уништат. Ова го пишува во документот за уништувањето на документацијата, а до којшто дојде НОВАТВ додека се изнесуваа материјалите од Комисијата. Со докуметни се наполнија два автомобили, а по пристигнувањето на екипата на НОВАТВ престанаа да се товарат документи во автомобилите по што дојде возило на компанијата ДС Смит која се занимава со производство на хартија и амбалажа и истата ја презеде,…
Слободата на медиумите е во канџите на политиката, ако се погледнат извештаите на кои бележат константен пад за Македонија на ова поле
https://www.youtube.com/watch?v=L8WX8spUMB0 Ако досегашните проблеми на лозарите и земјоделците од Тиквешкиот регион беше откупот на грозјето и субвенциите, сега се ниските температури и уништениот род. Како што велат тие, родот е измрзнат 100 отсто и бараат помош од државата која досега ниту испратила комисии за утврдување на штетите, а помош немаат ниту од општинските власти. Доколку Владата сериозно не ја сфати нивната мака, тие наредната недела планираат блокада на автопатот Скопје – Гевгелија.
На ниво на цела Македонија, веќе се собрани потребните потписи за поднесување иницијатива за измени во законите и подзаконските акти до Собранието за подобрување на условите на семејствата на лицата со посебни потреби. Како што информира Зоран Мијалков од невладината организација „Сплотени срца“, акцијата, на нивно изненадување се одвива многу добро и граѓаните никогаш не биле посплотени. – Сигурен сум дека пратениците ќе ни излезат во пресрет бидејќи се работи за деца и возрасни лица со посебни потреби. Нашите барања не го оптоваруваат Буџетот на Република Македонија. Со акцијата се гледа дека никогаш не сме биле посплотени како народ, ние…
По првиот круг од претседателските избори во Франција, Емануел Макрон и Марин Ле Пен, кои се сосем различни во своите идеи за тоа каква Франција сакаат, на 7.мај повторно ќе ги одмерат силите. Сите останати кандидати го поддржаа Макрон за во вториот круг, и неговата победа е речиси запечатена. https://www.youtube.com/watch?v=q2i7NjlR970 [polldaddy survey=”8A989992862E61CA” type=”slider” title=”Учествувајте во нашата анкета!” body=”Дали Ви се допадна содржината на видеото?” button=”Започнете »”]
https://www.youtube.com/watch?v=yEySrwB6z40 Двата гола што ги постигна Кристијано Роналдо во продолжението на реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн, за конечните 4-2 или вкупни 6-4 за Реал Мандрид во овој дуел, предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи. Некои од фудбалерите на Баерн по натпреварот на своите профили ги исмеваа судиите и нивните спорни одлуки. Во регуларниот дел, натпреварот заврши со резултат 1-2 во корист на Баерн, но во продолженијата германскиот тим влезе со играч помалку бидејќи во 84.минута Артуро Видал доби втор жолт картон. А потоа следуваа два шока за Баерн. Во 105.минута Роналдо се најде во недозволена позција кога…
Андријана Грковска е олимпиец со оштетен слух. Спортистка за која нејзиниот тренер, вели, неуморно работи. Таа ќе ја претставува Македонија во Турција
И по пет години, вистината се уште ги мачи родителите, кои бараат правда бидејќи во јавноста има разни шпекулации
Како реакција на аболицијата од претседателот Ѓорѓе Иванов започнаа масовните протести под името „Шарена револуција“
Според поранешните спикери Петковски и Андов криза во Собранието има, но има и решенија, според Георгиевски пак, тоа функционира перфектно