Author: Влатко Чаловски

https://www.youtube.com/watch?v=lDCb01PDc4k Приказна која ќе ви го стопли срцето. Билјана Кузмановска Николовска и нејзиниот тренинг партнер со години држат редовни бесплатни часови за деца мечувалци со Даунов синдром.

Read More

Деветмина од вкупно 13 судии кои неодамна поднесоа претставка против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски денеска се појавија во Републичкиот судски совет каде со членовите и претседателот на Советот, Зоран Караџовски разговараа за проблемот со Панчевски. Веднаш по состанокот кој траеше над час и половина, Караџовски пред медиумите рече дека средбата поминала конструктивно а на неа разговарале за претставнката како и општо за проблемите во судот. – Благодарни сме што дојдоа поголемиот број. Тие што не дојдоа биле спречени од објективни причини, не дека не сакале да дојдат. Дискутиравме за повеќе теми, конкретно за известувањето и за…

Read More

Точно напладне, вработените во комбинатот „Југохром“ денеска излегоа на протест во Скопје блокирајќи ја крстосницата пред Судска палата со барање да се вратат на своите работните места. Синдикатот на „Југохром“ бара да се тргне забраната за работа на фабриката затоа што, како што велат, возможно е поставувањето филтри во текот на работниот процес. Вработените бараат да се повлече забраната за работа на комбинатот, од каде што велат дека егзистираат илјадници жители на Јегуновце и регионот. https://www.youtube.com/watch?v=c4DF56r0f_E „Југохром“ по барање на Државниот инспекторат за животна средина не работи од почетокот на месецот, кога беа исклучени печките, бидејќи сè уште не се…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=5ILpLMCc0qY По три часа дискусија зад затворени врати, претседателот на Судски совет, Зоран Караџоски, во однос на последните случувања во Основниот суд Скопје 1, во изјава за медиумите ги повика судиите сите проблеми да се решаваат внатре во институциите со цел, како што вели тој, да се заштити угледот на судството. – Повикуваме на разумно решавање на состојбите внатре во судот и секој што има проблеми, да се обрати до Судскиот совет и сите проблеми да се решаваат институционално. Оној кој што смета дека некому му следува кривична одговорност, без многу давање во јавноста, треба да се обрати до Судскиот…

Read More

Судското рочиште за активистот на Шарената револуција а сега кандидат за пратеник, Павле Богоевски, обвинет за учество во толпа која предизвикала материјална штета врз зградата на Министерството за култура за време на протестите, повторно е одложено. Судијката го одложи судењето за 21.декември откако обвинителката достави вештачење за штетата, изготвено според датумот, на 5 мај, два и пол месеци пред да биде поднесено обвинението. Вештачењето беше изненадување за судијката и за одбраната откако минатиот пат судењето се одложи поради тоа што самото Министерство немаше пријавено штета во обвинителниот акт против Богоевски. Адвокатот од одбраната Сашо Дуковски побара одлагање, потенцирајќи дека треба…

Read More

„Не плашете се, режимот сигурно паѓа“, е пораката со која кандидатите предводници на пратеничките листи од Коалицијата за промени и правда вечерва ги повикаа сите слободоумни граѓани да гласаат на изборите на 11.декември

Read More

ИСИС и го припиша на Хилари Клинтон, Кина ја обвини за кражба oд Америка, од земјите-членки на НАТО побара да му се плати за сработеното, а со Путин сака да бидат во многу добри услови. Победата на Доналд Трамп на американските избори отвори многу прашања, а сега во исчекување е неговата практика на изјавите во светската политика

Read More

Дека седнувањето на Доналд Трамп на претседателската фотелја во Овалната соба, ги изненади сите не е тајна. Тоа го потврдуваат и реакциите на лидерите од светот. Оттука се поставува прашањето кое моежби ги мачи сите: Дали ќе се смени Америка, односно ќе се смени ли светот, со оглед на неговите изјави во претседателската кампања? Анализата на BBC направена по победата на Трамп, дава пет значајни сегменти каде односот на САД кон останатиот дел од светот би можел да се промени. Слободната трговија Доколку Доналд Трамп во практика ја примени политиката за трговија која ја застапува, тоа би била најголемата промена…

Read More