Author: Влатко Чаловски

https://www.youtube.com/watch?v=ANvopFKGHj0 „Гласот позади мене вика „победа“, „слобода“, „правда“, овој глас на народот е денешното најмоќно оружје на 21.век во кој живееме. Жалам што нашата Македонија е исправена да својот народ преку својот глас си ја врати државата во нормала. Ние сме на одличен пат. Граѓаните се разбудени, овде се сите интелектуалци, поединци помалку важни и најмногу важни. Сите еднакви и рамноправни се бориме за нашата заедничка Македонија. Верувам дека ова најмоќно оружје – гласот ќе ја донесе победата во Македонија“, изјави лидерот на СДСМ пред почетокот на маршот. Одговарајќи на прашањето на НОВА дали ќе има избори на 11.декември, Заев…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=_dAOOvSki4o Претседателот на СДММ и пратеник Стефан Богоев денеска презентираше мерка за платена работа за студенти во студентските кампуси додека студираат, со цел финансиски да заработат за време на студиите. Како што посочи тој, мерката произлегла од самите студенти, а ќе можат да работат во студентските кафетерии, како и во други објекти во рамките на студентските домови. – Студентите ќе добијат шанса за заработка преку работа со скратено работно време, таканаречена part-time job. Студентите ќе можат да работат во студентските ресторани или кафетерии, ќе може да работат на организација на културно-забавни настани, ќе може да работат како водичи на нивните колеги…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=G_gsI4BI2vc Деветтиот претседател на МАНУ, професорот Владо Камбовски ги критикуваше властите кои настојуваат со изградба на нови факултети, помеѓу нив и предвидените „Дамјан Груев“ и „Мајка Тереза“, без притоа да бидат консултирани академиците од страна на Министерството за образование кога се работи за високообразовни институции – што според него е лоша практика. „За секој проект Министерство е должно да се обрати и да побара мислење од Академијата, а тоа не е направено. Образованието е флексибилен жив организам и пулсира според потребите на општеството, како и прилагодувањето кон квалитетот од европски и светски рамки, и поради сето тоа, секоја иницијатива за…

Read More

Според министерството за информатичко општество и администрација кое треба да даде согласност за огласите за вработување, се било во ред бидејќи општина Виница имала таква систематизација

Read More

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев придружен од музичарите Златко Ориѓански и Бени Шаќири, новинарот Томислав Кежаровски, актерката Ирена Ристиќ, новинарот Атанас Костовски, членката на Сојузот на борците на Македонија, Вера Бунтеска и активистот на Твитер, Влатко Васиљ, денеска го најавија граѓанскиот марш на 11.Октомври под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“. https://www.youtube.com/watch?v=yC3X8U7ydIU Без разлика на партиската припадност, верската или етничката, лидерот на СДСМ Зоран Заев, ги повика граѓаните на маршот кој ќе започне во 14 часот, на крстосницата на булеварот Партизански одреди и улицата Рузвелтова. – Се огласуваме со слободарска порака, склучуваме сојуз за да ја вратиме слободата. За се избориме…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=21OhiP7JB_U По вчерашниот референдум организиран од страна на Студентскиот пленум на факултетите при УКИМ за статусот на Студентскиот парламент, Деа Здравковска, претставник на Пленумците, вели професорите ќе мора да го слушнат гласот на речиси 3.000 студенти кои вчера излегоа и порачаа дека СПУКМ треба да биде организација под контрола на Универзитетот, а не невладина која сама располага со средствата од студентите, каква што е во моментов. Во интервјуто за НОВА, Здравковска зборува за целта да се организира еден ваков референдум, „часот по демократија како се организираат избори“ кои го одржаа и предизвиците со кои се соочуваат по референдумот.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=NrVnQxxMG4s Неформланиот референдум кој денеска го организира Студентскиот пленум во рамките на факултетите на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ се одвива во мирна атмосфера, без инциденти и со заинтересираност на самите студенти кои треба да се изјаснат за статусот на нивниот претставник – Студентскиот Парламент. Прашањето на кое студентите при УКИМ денеска одговараат со ДА и НЕ, гласи „Студенту, дали Студентскиот парламент треба да остане невладина организација како што е во моментот“. Според досегашните проценки над 1.000 студенти излегле низ факултетите излегле да го дадат својот глас. Првичните неофицијални резултати се очекуваат вечерва. „Целта на денешниот неформален студентски референдум е да…

Read More

Рочиштето сега е презакажано за 14 ноември во 11.30 часот, а како причина за денешното одложување се наведува тоа што ЈО од технички причини не овозможи сослушување на претставник на Министерството за култура кој треба ќе се произнесе за висината на нанесената штета

Read More

Залагањата на специјалната обвинителка Катица Јанева за измени во Законот за заштита на сведоците, покренати во април и покрај тоа што денеска се најдоа во собраниските клупи, не наидоа на поддршка а не наиде ни предлогот за продолжување на рокот на постоењето на СЈО. Од присутните 103 пратеници на гласањето за Законот за заштита на сведоците, измените наидоа на поддршка од 42 пратеници, додека против гласаа 52. Останатите биле присутни но не гласале, а меѓу нив и пратеничките Солза Грчева и Роза Топузова-Каревска кои вчера во изјава за НОВА, рекоа дека тие се за измените кои ги бара Јанева. Со…

Read More

Одговарајќи на прашањето на НОВА за демантот од министерката Марта Арсовска-Томовска, која вели неговите изјави биле политички и дека само еден службеник до сега бил оценет слабо, Кирацовски вели дека таа била „тотален непознавач на човечките ресурси“

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=SG3nmHvDFXo Во рамките на научно-стручниот собир на тема „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Македонија во кризна и сложена безбедносна состјба“, доц. д-р Марјан Ѓуровски потсети дека тајните служби во земјата мора да бидат под надзор на граѓаните. Како што вели тој, потребно е рестирање на безбедносниот систем на Република Македонија со оглед на тоа што дел од системот во моментов е на „апарати за вештачко дишење“. – Дел од системот во моментов е на „апарати за вештачко дишење“. Суштинска е потребата од редефинирање на дел од институциите врз основа на седум столбови кои ќе обезбедат консолидација на ресурсите, ажурирање…

Read More

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешниот Конгрес на партијата пред присутните порача дека по 11.декември, нема да има место повеќе за “тефтер судии“, осврнувајќи се на бомбите на опозицијата. Како што порача Спасовски, правдата ќе важи за сите граѓани без разлика на етничка и верска припадност. – Ќе ги намалиме судските такси, ќе воведеме бесплатна правна помош за одредена категорија на граѓани. Промените во правосудството се неизбежни, зашто граѓаните бараат измени, ние ќе воведеме независно правосудство, рече тој. Се осврна и на заробеното „МВРО-ВМРО“ посочувајќи на Министерството за внатрешни работи, како што во бомбите го опишува екс-министерката Гордана…

Read More