Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АВМУ: Лани најгледана ТВ е Сител, најслушано радио е Антена

0
By Нова ТВ on September 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 26, 2018 15:35

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа третиот јавен состанок за 2018 година на кој меѓу другото, било разговарано за следењето на медиумското известување на радиодифузерите на државно ниво во врска со референдумот.

Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски, на почетокот ги презентира спроведените активностите за третиот квартал, согласно Годишната програма за работа на Агенцијата – извршените надзори врз радиодифузерите, издавачите на печатени медиуми и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, изречените мерки-опомена, изработените анализи, активностите на полето на меѓународна соработка.

На состанокот, како што информира АВМУ, била разгледана Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година, со која е опфатено економското работење на радиодифузерите, односно податоците за вкупните приходи, уделите на радиодифузерите во вкупните приходи, структурата на приходите, вкупните трошоци, уделите во вкупните трошоци и структурата на трошоци, резултатот од работењето и просечниот број на вработени во редовен работен однос, како и податоци од мерењата на телевизиската и радиската публика во 2017 година.

– Вкупните приходи што во 2017 година заедно ги оствариле Јавниот сервис и сите комерцијални телевизии и радиостаници изнесуваат 2.608.84 милиони денари, додека трошоците на сите радиодифузери заедно 2.703.84 милиони денари. Најгледана од терестријалните телевизии на државно ниво е ТВ Сител, со просечен неделен досег од 51.45 процени, додека најслушано државно ниво – РА Антена – 18.70 отсто, се наведува во соопштението на АВМУ.

На состанокот е дискутирано и за текстот на Предлог – Уредбата за знаците за тревожење, начинот и процедурите за тревожење и постапките на населението, во која се утврдени обврски на различни субјекти, во случаи кога постои опасност со која се загрозува населението.

Документот, кој го презентира Душко Петровски од Центарот за управување со кризи, посочува дека информирање преку медиумите се врши во случај на ризик или опасност (воздушна, радиолошко-хемиско-биолошка или опасност од елементарни – природни непогоди и други несреќи), заради навремено предупредување и подготвување на населението за засолнување, поефикасна заштита и спасување или заштита на материјалните добра кои може да бидат или се зафатени од ризици и опасности, се вели во соопштението на АВМУ.

2017 АВМУ Антена Гледаност радио Сител слушаност ТВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.