Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрија гласа на вонреди избори по скандалот со видео – снимката

0
By Нова ТВ on September 29, 2019 ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: newstalk.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 29, 2019 10:11

Започна гласањето на предвремените  избори во Австрија, кои се одржуваат по објавување на видео – скандалот поради кој пропадна коалициската влада.

Анкетите покажуваат дека конзервативната Народна партија на поранешниот канцелар Себастијан Курц е на добар пат да освои најмногу гласови – но ќе му треба коалициски партнер.

Во трката се и социјалдемократите, екстремно десничарската партија Слобода, Зелените и либералите.

Разговорите за коалицијата се очекува да бидат тешки и може да траат со недели.

За што беа видео снимките?

На снимката која беше објавена во јавноста, се гледаше австрискиот потпретседател Хајнц-Кристијан Штрахе како ветуваше владини договори на жена која се  претставува како внука на руски олигарх. На снимката, направена на 24 јули 2017 година на шпанскиот остров Ибица, се појавуваат Штрахе,  лидер на екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) и неговиот партискиот потпретседател Јохан Гуденус, како разговараат со наводната внука на рускиот олигарх.

Новиот лидер на десничарската Слободарска партија се надева дека Курц може да ја обнови коалицијата со нив. Но дел од аналитичарите прогнозираат дека поради различните ставови за антимигранстаката политика, Курц би можел да се одлучи за трилатерален пакт со Зелените и Либералната партија.

Голема коалиција со социјалдемократите се смета за мала веројатност.

Кој е Себастијан Курц?

Син на секретар и учител, стана активен во конзервативната Народна партија на 16-годишна возраст. Како студент по право во Виена беше избран за претседател на младинското крило на Народната партија. Ги напушти студиите во 2011 година за да стане помлад министер за внатрешни работи, за во 2013 да стане министер за надворешни работи на 27-годишна возраст.

Две години подоцна, тој претстави план од 50 точки за подобрување на интеграцијата на мигрантите, меѓуотоа беше полн со фалби за популистичкиот премиер на Унгарија, Виктор Орбан – потсетува ББС.

Избран е  за претседател на партијата во мај 2017 година.

 

Австрија видео избори Курц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.