Пожарникарите во Австрија се борат со најголемиот пожар во историјата на земјата. На територијата на Нојнкирхен, во Општина Хиршванг, беснее пожар против кој во моментот се борат над 300 пожарникари, а во гасењето се вклучени и хеликоптери на армијата и на полицијата.

Дополнителни проблеми им задава силниот ветар, па пламените јазли се закануваат да зафатат и делови од шумата во планината Ракс.

Станува збор за најголемиот пожар што некогаш се случил во Австрија, истакна Франц Респергер од противпожарната команда на покраината Долна Австрија.

Пожарот се шири екстремно брзо и од пет хектари за само 10 часа се прошири на повеќе од 100.