Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бах побара суспензии за сите вмешани во системски допинг манипулации

0
By Нова ТВ on December 10, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Показател за фундаментален напад на интегритетот на спортот“. Вака Томас Бах, претседател на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), го опиша најновиот дел од извештајот на професор Ричард Мекларен објавен вчера за наводно системско допингување на спортистите од Русија. Тој притоа нагласи потреба од доживотна суспензија на Олимписки игри за секој натпреварувач, тренер или официјално лице за кои се утврдило и ќе се утврди вмешаност во „софистициран манипулативен систем“.

Во последниот дел од извештајот на Мекларен за Светската анти-допинг агенција (ВАДА) се вперува прст кон повеќе од 1.000 спортисти од Русија кои, наводно, се вмешани во системски допинг во период на цел олимписки циклус почнувајќи од 2011 година.

Затоа Бах најави соработка на ИОК и Мекларен за прегледување на сите примероци на руските спортисти на Зимските олимписи игри во Сочи во 2014 година. Но, додаде и дека ќе го продолжи мандатот на Дисциплинската комисија при ИОК за повторно теестирање на сите примероци на олимпијците од Русија на Игрите во Лондон во 2012 година.

Материјалот на Мекларен ги опфаќа Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година, Светското првенство во атлетика во 2013 година и Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година во повеќе од 30 спортови во кои, наводно, се прикривале допинг примероци.

Руските спортисти освоија 72 медала во Лондон од кои 21 златен и 33 во Сочи од кои 13 златни.

допинг Извештај ИОК Ричард Мекларен Русија Томас Бах
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.