Екс потпретседателот на САД Џо Бајден вчера остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп.
“Мораме да престанеме со твитови… Тоа е инфантилно. Време е да порасне и да се однесува како светски лидер”, изјави Бајден пред Советот за меѓународна политика на Чикаго.
Бајден истовремено го осуди рускиот лидер Владимир Путин кој, според него, “сее раздор” помеѓу Европа и САД за да ги маскира внатрешните проблеми на неговата земја.
“Нападот на Русија против нашите избори не е изолиран инцидент. И понатаму продолжува дезинформацијата и инфилтрирањето во нашите мрежи за да се корумпираат нашите политички институции”, рече тој и додаде дека овие активности ќе зајакнат со доближувањето на парламентарните избори во САД во 2018 година. Бајден го критикуваше Трамп поради тоа што не бил поостар со Русија и смета дека Трамповата надворешна политика е закана за сојузниците на САД.
Некои извори во САД велат дека Бајден може да биде следниот демократски кандидат за претседател.