Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Балкански мундијал: Србија, Грција, Бугарија и Романија по СП 2030

0
By Нова ТВ on November 6, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четири балкански држави се обединуваат во амбициозен проект. Србија, Грција, Бугарија и Романија започнаа разговори за заедничка кандидатура за Светското фудбалско првенство во 2030 година. Замислата ја потврди Красен Кралев, бугарски министер за спорт и млади, по состанокот со своите колеги од соседните земји.

Желбата беше првично иницирана од грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата на високо ниво кај нашиот источен сосед на која учествуваат премиерите на Бугарија и на Романија, Бојко Борисов, односно, Виорика Данчила и српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Според Кралев, заедничката кандидатура би значела важен политички симбол и би претставувала доказ дека балканските земји се способни за сплотување во областа на спортот, но и подготвеност да застанат во одбрана на политичките и економски интереси.

Иницијативата, секако, побуди голем интерес во Србија, во Грција, во Бугарија и во Романија. Дел од авторитетите во нив изразија симпатии и одобрување, но дел сметаат дека е тешко изводлива поради лошата инфраструктура во регионот. Меѓу скептиците и легендарниот бугарски фудбалер, Христо Стоичков.

„Една работа е да се поднесе кандидатура. Тоа го може секој. Но, не може секој да победи во изборот“, истакна Стоичков за бугарската национална ТВ.

Наредното Светско првенство во 2022 година ќе се одржи во Катар, а мундијалот во 2026 година ќе го организираат САД, Канада и Мексико. Турнирот во 2030 година ќе прослави јубилеј – 100 години од премиерното издание во Уругвај. Заедничка кандидатура досега е потврдена од Јужна Америка (Аргентина, Уругвај и Парагвај) и од Африка (Мароко, Тунис и Алжир). Во најава се две европски – една од Англија, Шкотска, Велс, Република Ирска и Северна Ирска, а втората од Шпанија и Португалија како и една од Азија (Јужна Кореја, Јапонија, Кина и Северна Кореја).

Бугарија Грција кандидатура Романија СП 2030 Србија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.