Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Банкарска анализа и фудбал: Германија како прв фаворит на СП 2018

0
By Нова ТВ on May 17, 2018 СПОРТ
Фото: tradersbible.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германија има најголеми шанси за освојување, односно, одбрана на шампионската титула на Светското фудбалско првенство во Русија. До ваков заклучок дојдоа аналитичарите на швајцарската банка „Ју-Би-Ес“ (УБС) врз основа на програма што ја користат при нивните предвидувања за движење на цените на светските економски пазари. Шансите за победа на турнирот што притоа ги добија „панцерите“ изнесуваат 24 отсто или за 4,2 отсто повеќе од Бразил на второто место и 7,9 отсто повеќе од Шпанија на третото место.

„Германија и Бразил ќе имаат лесни задачи во групите за разлика од Шпанија која уште во првото коло ќе игра со актуелниот европски првак, Португалија“, појаснува Мајкл Болингер, шеф на одделот за распоредување на имот на прогресивните пазари при УБС која го има едно од најголемите портфолија во светот.

Во вториот ешалон на фаворити, според банкарската анализа, се најдоа Аргентинна, Белгија, Франција и Англија. Програмата на УБС се темели на статистички модел што опфати резулати на репрезентациите на последните пет мундијали, проценка на силата на секој тим согласно фудбалерите кои се очекува да заиграат во Русија како и исходите во квалификацискиот циклус за завршниот турнир.

„Судбината на Аргентина во голема мера ќе зависи од формата на нејзините најголеми ѕвезди што по наше мислење е непредвидлив фактор и тешко се опфаќа со квантитативната метода што ја користиме“, додава Болингер.

Употребените параметри во анализата исфрлија пет селекции без никакви шанси за освојување на титулата. Тоа се Саудиска Арабија, Египет, Костарика, Панама и Тунис додека само Панамците, меѓу аутсајдерите, не се гледаат како финалисти на СП 2018.

„Ју-Би-Ес“ (УБС) анализа банка Германија СП 2018 Фаворити фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.