Барселона ќе воведе ограничување на платите на 10 милиони евра по сезона, мерка што ќе важи за сите кои ќе станат дел од клубот по 30 јуни, најави претседателот Жоан Лапорта.

Горната граница на платите е поставена на 10 милиони евра годишно. Секој кој сака да се пресели во Барселона мора да се согласи со овие услови, порача Лапорта.

Тој додаде дека плафонот се однесува на основната стапка, а ѕвезди ќе може да се привлекуваат со бонуси, бидејќи тие не подлежат на ограничувања.