Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бејл со просечна македонска плата на секои 10 минути до 2022 година

0
By Нова ТВ on October 30, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 30, 2016 23:47

Герет Бејл го продолжи договорот со мадридски Реал до 2022 година. Документот за обновување на соработката и за наредните шест сезони го прават репрезентативцот на Велс да биде најплатен фудбалер на сите времиња.

Шпанските медиуми пишуваат дека Бејл на годишно ниво ќе заработува 20 милиони евра или 384.615 евра неделно кога ќе се одбијат сите даночни обврски. На Пиринеите од претходно е познато дека Кристијано Роналдо го чини „кралскиот клуб“ 319.560 евра во една работна седмица што значи дека Велшанецот и дефинитивно е поплатен од Португалецот во моментот.

Вртоглавите бројки во неговата платна листа на „Бернабеу“ може да се анализираат на разноразни начини. На дневна основа, на пример, секое утро Бејл ќе се буди со нови 54.945 евра. Или, пак, секој час ќе значи нови 2.289 евра од претходниот. И така час за час, ден за ден, недела за недела и месец за месец до летотово 2022 година.

Според државниот завод за статистика на Македонија, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август оваа година изнесувала 22.294 денари или 362,5 евра (по курс 61,50 денари за 1 евро). Тоа упатува на заклучок дека Бејл на секои 10 минути ќе заработува по просечна македонска плата.

Велшанецот пристигна во Реал Мадрид во 2013 година од Тотенхем за тогаш рекорден трансфер од 100 милиони евра. Ако некој клуб сега изрази желба да го ангажира, ќе мора да плати пола милијарда евра на колку што гласи откупната клаузула од неговиот нов договор.

Бејл досега одигра 134 натпревари за Реал Мадрид и постигна 62 гола. За Велс има 64 настапи и 25 гола. Има две титули во Лигата на шампиони и по една во Супееркупот на УЕФА, на светското клупско првенство и во купот на Шпанија.

Браселона Герет Бејл плата Примера фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.