НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Уредба за платежните картички најдоцна до утре, за ваучерите до понеделник

0
By Нова ТВ on May 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најдоцна до петок, ден пред завршување на вонредната состојба, ќе бидат донесени сите Уредби од третиот пакет антикризни мерки. Нивното изготвување е при крај, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Во текот на денот или најдоцна до утре ќе се донесе Уредбата за платежните картички, а се подготвува и Уредбата за издавање на ваучерите која до крајот на неделата, најдоцна до почеток на идната, ќе биде предложена до Владата. Подготвени сме да ги донесеме пред завршување на вонредната состојба во сабота, имајќи предвид дека институциите беа експедитивни“, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која информира дека се одземени концесии за минерални суровини во струшкото село Лабуништа.

Угостителските објекти со тераса ќе работат до 20 часот, максимум до четворица на маса

Во врска со протоколите за кои угостителските објекти се жалат дека ги немаат сè уште добиено, а од утре некои од нив треба да почнат со работа, Бектеши повтори дека владината одлука донесена вчера важи и се однесува само на оние што имаат тераси.

Угостителите ќе можат да работат до 20 часот, а на една маса ќе може да седат максимум четири лица. Како што објасни Бектеши, протоколите се направени додека траеше вонредната состојба и се доставени до стопанските комори.

„Владата и Министерството за економија веќе добија забелешки од Коморите за протоколите доставени до нив. Ние веќе донесовме одлука за отворање на угосителските објекти од утре, но таа важи само за оние што имаат тераси и согласно протоколите за простор, дезинфекција и однесување и на клиентите и на угостителите. Одлуката се однесува само на објектите кои имаат тераси и да ја почитуваат дистанцата. Имавме подготвен протокол од страна на Комисијата за заразни болести кој требаше да се одвива во три фази. За донесувањето на вчерашната одлука го почитувавме предлогот на Комисијата за втората фаза каде е предвидено отворање само на оние објекти кои имаат тераси согласно протоколите. Речиси 99 отсто од сите предлози на Комисијата дадени откако почна вонредната сотојба се прифатени од Владата, така одлучивме и овојпат, да го почитуваме предлогот на Комисијата. Ќе ја следиме ситуацијата, како се почитуваат протоколите и препораките усвоени на вчерашната седница, ако се почитуваат ќе ги отвораме и тие што се затворени“, истакна министерот.

Одлука за екстра лесното гориво сè уште не е донесена

Бектеши информира дека одлука за екстра лесното гориво одлука сè уште не е донесена.

„Многу е важно да се наведе фактот дека Министерството за економија ги направи најважните измени во делот на енергетиката, нафтата и нафтените деривати, сите засегнати страни се вклучени во изготвувањето на правилнциите, како големите така и малите компании. Тие ги дадоа своите предлози, а учествуваа и во јавната рапсрава. Согласно нивните предлози и анализите на царинската управа и бирото за метрологија ќе се донесат соодветни одлуки. тогаш ќе објавиме и што покажале анализите. голем дел од компаните тоа го знаат“, рече министерот за економија.

Најавена жалба за одлуката на Управен суд за Иловица

Управниот суд во март донел одлука за враќање на предметот на повторно одлучување, по жалбата на компанијата концесионер со која Владата лани го раскина договорот за експлоатација на руда на Огражден

Министерството за економија ќе ја разгледа одлуката на Управниот суд со која го врати на повторно одлучување предметот за рудникот Иловица и во рамки на роковите ќе поднесе жалба бидејќи смета дека одлуката на Владата за раскинување на договорот за концесија со компанијата „Еуромакс ресорис“ е во согласност со законите во државава, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

„Пред неколку дена бев известен од Секторот за минерални суровини дека има таква одлука. Ние ги почитуваме одлуките на судовите во земјава и во зависност од процедурите ќе ја разгледаме одлуката на Управниот суд и ќе се жалиме бидејќи сметам дека одлуката за раскинување на договорот е во согласност со законите“, порача Бектеши.

Управниот суд пред неколку дена ја објави одлуката за овој случај, со која предметот го врати на повторно одлучување поради процесни неправилности, додека за главната работа по предметниот спор постапката е во тек.

Ваучери економија Иловица Крешник Бектеши Македонија Платешни картички угостителски објекти уредба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.