Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград со благодарност до Заев за конструктивноста

0
By Нова ТВ on September 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 1, 2017 13:32

Премиерот Зоран Заев претпладнево се сретна со амбасадорката на Србија во Македонија Душанка Дивјак – Томиќ, на која како што се истакнува во соопштението заеднички е констатирано дека меѓу двете држави постои искрено пријателство и реални основи за продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји.

-Владата на Република Македонија е определена да развива доброседски односи и низ прокативната улога во регионалната соработка да придонесе кон евро-атлантските перспективи на целиот регион. Република Србија е традиционален пријател на Република Македонија и насочени сме само кон позитивни односи што ќе придонесат и во билатералните односи и на регионален план, рече премиерот Заев.

Српската амбасадорка Дивјак – Томиќ изрази благодарност за конструктивноста на премиерот Заев во унапредувањето на соработката помеѓу Македонија и Србија, за што се веќе договорени официјална посета на премиерот Заев на Србија, заеднички состанок на двете влади, конкретни чекори во областа на економијата, како  и за неговите заложби, потврдени и во телефонскиот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ,  низ искрен и отворен пристап да се решаваат сите отворени прашања.

-Пренесувам позитивна и конструктивна атмосфера од Србија за натамошна блиска соработка.  Исто така премесувам и благодарност за поддршката од Владата на Македонија, седиштето на Транспортната заедница да биде во Белград. Тоа што генералниот секретар на Транспортната заедница е од Република Македонија е само потврда за определбата од двете страни, за негување и развивање на нашите пријателските односи,  рече амбасадорката Дивјак – Томиќ.

На средбата е договорено да се направи рекапитулар на потпишаните, а досега нереализирани документи за соработка помеѓу двете држави и да се пристапи кон нивна скорешна имплементација, се вели во соопштението.

Дипломатскиот спор кој започна со повлекување на персоналот од Амбасадата на Србија во Скопје на 20 август, траеше 48 часа, а се однесуваше на наводно прислушување на Амбасадата и персоналот, беше решен со директни разговори меѓу претседателот на Србија и премиерката на Србија Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ со македонскиот премиер Зоран Заев, и со средбата на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Ивица Дачиќ.

Дивљак Томиќ дипломатски спор Заев Македонија Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.