Здравствените власти на БиХ пријавија 924 нови случаи на ковид-19 за изминатите 24 часа, период во кој се регистрирани и 23 починати лица.

Дванаесет од нив се евидентирани во Федерацијата БиХ, а 11 во Република Српска. Во дневниот пресек на состојбата со ковид-19 во земјата не е пријавен смртен случај во Дистрикт Брчко.

Колку за илустрација, вчера во БиХ беа регистрирани 367 нови случаи на ковид-19 и 37 починати пациенти.