Полицијата на Норвешка соопшти дека во синоќешната хеликоптерска несреќа загинале шест лица. Со цивилниот хеликоптер, кој се урна во северниот дел на Норвешка, се превезувале петмина Норвежани, а со леталото управувал пилот од Шведска

Спасувачката служба соопшти дека хеликоптерот Ербас АС350 бил во сопственост на компанијата „Хелитранс“. Норвешките власти покренаа истрага за причините за несреќата.