Во последните 24 часа во Србија се регистрирани нови 3.487 случаи на ковид-19 од 15.764 направени тестови, починале 57 пациенти, а 266 пациенти се приклучени на респиратор.

Државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Џерлек изјави дека „состојбата е сè уште загрижувачка, без оглед на охрабрувачките вести оти по девет недели е забележан пад на бројки, но немаме многу импресивни аргументи што ќе ни овозможат да се опуштиме“.

Нема опуштање, потребна е претпазливост, вирусот е таму, нашата недисциплина му олеснува да најде незаразени луѓе и да преживее, му овозможува да мутира, што може да биде многу непријатно, вели Џерлек.

Џерлек вели дека и пропусницата за ковид и продолжениот распуст довеле до смирување на ситуацијата.