Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Благ раст на нови случаи: Скрининг за ковид-19 во 364 основни и 109 средни училишта, ревакцинирани 45 отсто од полнолетните граѓани

0
By Sashko on October 15, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 15, 2021 07:46

Со скринингот за ковид-19 ќе бидат опфатени 364 основни и 109 средни училишта во земјава, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од таму потенцираат дека тестирањето ќе започне во текот на наредната недела, по добиена писмена согласност од родители или старатели на учениците.

Министерството за здравство соопшти дека ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во 80 општини и градот Скопје, во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од ковид-19 во основните и средни училишта.

Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можно асимптоматско ширење на вирусот, односно дали истиот се шири низ училиштата и каква е трансмисијата.

Вчера беше забележан раст на бројот на новозаразени во однос на претходните денови. Од направени 2.900 тестирања беа регистрирани 421 случај, што е 14,5 отсто. Претходно тој процент се движеше околу 11 проценти. Според епидемиолошките анализи, најмногу активни случаи во моментот има во Скопје – 3.308, во Куманово – 543, во Велес – 304, во Штип – 212, во Охрид – 206, итн.

Досега се ревакцинирани 45 отсто од полнолетните граѓани. Заклучно со 13 октомври, како што се посочува од МЗ, вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. Педесет и три отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза на вакцина на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози се опфатени 45 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од МЗ.

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата завчера на седница донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање на настани во затворен простор во театри, во кина, во филхармонија и други објекти, со што се зголемува дозволената исполнетост од капацитетот на салата со публика на 50 проценти, наместо досегашните 30.

Во врска со овој протокол, како што информираше владината прес-служба, се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.

вакцинација Ковид-19 Македонија скрининг ученици училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.