Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богатење на туѓа несреќа во САД: Милилитар крв од излекуван од ковид-19 и до 40.000 долари

0
By Нова ТВ on May 3, 2020 СВЕТ
Фото: nytimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 3, 2020 13:56

Биотехнолошките компании во многу државиво светот во моментот се центар на внимание на инспекциски служби по шпекулациите дека, наводно, продаваат крв од излекувани пациенти од ковид-19. Како што пишува „Њујорк тајмс“, некои компании моментно остваруваат вртоглави профити од продажба на минимални количини на крв со антитела. На тоа укажуваат документи, мејлови и ценовници до кои дојде американскиот весник, а вредноста, како што се наведува, се одредува според присуството на антитела во примерок на крв од луѓе кои успешно ја прележале болеста.

Како една од таквите компании се посочува „Кантор БиоКонект“ од Калифорнија која наплаќа од 350 до 40.000 долари за милилитар крв. Во таков бизнис се споменува и компанија од Индија која со крв со антитела за коронавирус наплатила дури 50.000 долари.

„Никогаш не сум видел да се продава крв по толкави цени“, вели Џои Фицџералд, медицински директор на компанијата „Молоџик“ од Велика Британија.

На истражителите кои се обидуваат да развијат тестови на антитела им требаат примероци од луѓе кои биле заразени со ковид-19 и чиј имунолошки систем научил да создава антитела за борба со болеста. Затоа се прави нелојална конкуренција која и тоа како им штети на истражувачите кои се борат со коронавирусот што резултира со намален одзив на оние кои доброволно ќе дадат крв, кога веќе може да заработат од неа.

Компаниите за кои пишува „Њујорк Тајмс“ нудат неколку стотина долари на лицата кои сакаат да донираат крв. Една пациентка која била во морална дилема е Алесија Џекинс од Вашингтон. Таа била во преговори со „Кантор БиоКонект“, но, сепак, се предомислила кога дознала по која цена ќе биде продавана нејзината крв.

„Многу е тажно и погрешно да се користи пандемијата за профит“, изјави Џекинс.

Антитела Коронавирус крв продажба САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.