Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Бомбастични“ утра и во опкружувањето, заканувачки мејлови и во Загреб, Белград, Крагуевац

0
By Ана Василевска on December 16, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Дојави за бомби, МНР Фото МИА
Дојави за бомби, МНР Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 16, 2022 14:41

Пишува: Ана Василевска

Мала анализа на утринските закани со бомби кај нас и во земјите од соседството укажува дека интензивирањето се движи по слично сценарио. Пред речиси еден месец НоваТВ во текстот со наслов „Хибридна војна: Оркестрирани ли се заканите со бомби низ училиштата со оние во соседството?“, потсети дека ние не сме единствената земја која во изминативе месеци се справува секојдневно со лажни закани со бомби. Како според однапред осмислена стратегија , заканите почнуваат во училиштата, а подоцна мета на нападите стануваат и електронските адреси на други јавни простори како што утрово беше случај со Скопскиот аеродром, хотелите  „Александар палас“ и „Мериот“, молот Ист гејт…

Дојави за бомби, МНР Фото МИА
Дојави за бомби, МНР Фото МИА

Утрово прв пат проциркулира и содржината на мејлот што бил испратен на скопскиот аеродром „Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја. Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици и политичка партија за да ги минираме следните локации во Скопје и тоа со 8 бомби на Меѓународниот аеродром Скопје, 5 бомби во Националната арена „Тоше Проески“, една бомба во зградата на ФФМ, една бомба во ТЦ „Ист Гејт“, две бомби во хотел „Мериот“ и една бомба во хотел Сенигалиа. Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, е.ани гомна“.

Оваа порака е слична на онаа која беше обелоденета во медиумите во земјите од нашето опкружување (Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, односно во Белград, Загреб, Бања Лука, Нови Сад, Крагуевац, Ниш) каде што заканувачките пораки почнаа да пристигнуваат уште од почетокот на летото: „Се ќе лета во воздух“, „Поставен е експлозив, имате неколку минути да го напуштите објектот“, „Никој нема да застане на патот до слободата“.

Хрватските медиуми објавија и напси дека таргет на нападите беа и судови, обвинителства, плоштади. Од полицијата и кај нас и таму, нема никакви информации до каде е истрагата и од каде пристигнуваат мејловите. Сепак, „Јутарњи лист“ објави дека испраќачот ја маскирал својата вистинска адреса преку онлајн сервис од островот Куракао во Карипското Море, близу до брегот на Венецуела. Како што пишуваат, целта била тешко да се најде оригиналниот креатор и испраќач. Станува збор за услугата MsgSafe.io, една од услугите која на корисниците им овозможува анонимност и приватност на комуникацијата преку е-пошта.

Досега, малку или воопшто официјални лица од повиканите институции не се огласија со повеќе детали иако некои експерти проговорија дека сепак станува збор за хибридна војна која е присутна веќе подолго време.

„Сметам дека ова е сѐ дел од една хибридна војна. Македонија е членка на НАТО и не е исклучена од таа хибридна војна. Хибридна војна се води со воени и невоени средства и целта е да создава страв, несигурност и двоумење кај населението со ширење на лажни вести, на дојави, нешто што ќе се перципира како нестабилност. Ништо ново во поглед на таква војна. Во Македонија имаме историја на такви случувања со години наназад“, рече во интервјуто Ванчо Орданоски од ИнфоПроект за ЦИВИЛ Медиа, одговарајќи на прашањето за дојави за бомби што веќе два месеци ги вознемирува граѓаните.

Дојави за бомби, МНР Фото МИА
Дојави за бомби, МНР Фото МИА

Како и во другите земји што се справуваат со заканите со бомби, помош побаравме од НАТО. Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа во ТВ21 рече: „Вчера комунициравме со структурите на НАТО, да видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи, која може да биде причината“,

И додека вознемиреноста расте и истовремено навикнуваме секојдневно да се будиме со вести со закани со бомби со прашањето- Каде следно?- епилогот речиси секаде е ист, заканите се лажни и досега не се добиени повеќе информации за сторителите.

Меѓу бројните прашања што се отвораат се и оние како полициските тимови успеваат да стигнат на сите локации и до кога ќе можат да издржат пред да се парализира поилицискиот систем за интревенција пред останатите секојдневни потреби од полицијата.

закани со бомби МВР регион Хибридна војна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.