Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Европа беше „малку наивна“ во однос на Кина

0
By Нова ТВ on May 4, 2020 СВЕТ
Фото: atalayar.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2020 13:00

Европа беше „малку наивна“ во однос на Кина, но нејзиниот пристап стана пореален, изјави еврокомесарот за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Тој оцени дека Кина во истовреме е економски партнер на Европа и „системски ривал што се обидува да промовира алтернативен модел на владеење“.

„И Кина и ЕУ се залагаат за мултилатеризам и тоа ги става на иста страна, но тоа не значи дека тие делат погледи за глобалното владеење, особено во време на криза“, рече Борел во интервју за францускиот весник „Журнал ди диманш“.

Тој објасни дека Европејците поддржуваат ефективен мултилатеризам со ОН во центарот, додека Кина „практикува селективен мултилатеризам каков што сака и базиран е врз различно разбирање на меѓународниот поредок“.

Борел додаде дека кризата предизвикана од коронавирусот го влоши ривалитетот меѓу Кина и САД, затоа што двете земји се обвинуваат меѓусебно за ширењето на пандемијата. Еврокомесарот за надворешна политика и безбедност ги критикуваше ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп за мултилатеризмот, наведувајќи дека тој го гледа како „игра во која Америка може се да загуби“.

„Тој поглед е погрешен“, рече Борел, пренесува „Политико“.

ЕУ Жозеп Борел Кина Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

ВЕСТИ July 18, 2026

Родителите на починатите во „Пулс“ порачаа дека случајот со трагедијата не е обичен судски предмет…

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

July 18, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.