Баерн Минхен доби неочекувана прилика за враќање на челната позиција на табелата во Бундеслигата. Ја сервира екипата на Аугсбург по изненадувачкиот триумф над Борусија Дортмунд со 2:1 на отворање на 24. коло во германскиот фудбалски шампионат.

Најзаслужен за зачувување на трите бода на „ВВК арена“ беше Јужнокореецот Донг Вон-Џи кој ги постигна двата гола за домашните во 25. минута и во 68. минута за петта победа во сезоната. Единствениот за гостите беше дело на Пако Алкасер во 80. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=laDWk2lhfjY

Фаворитот од Дортмунд наметна свој ритам на игра во најголем дел од натпреварот, Аугсбург, пак, панично се бранеше во последните десетина минути по примениот гол во што и успеа за голема радост во борбата за опстанок во бундеслигашката конкуренција.