Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел и Лондон пред конечен договор за Брегзит

0
By Нова ТВ on March 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 19, 2018 14:50

Европската унија и Велика Британија се усогласија околу најголем дел од условите во договорот за истапување на земјата од блокот, изјави денеска во Брисел главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние.

– Преговарачите се договорија за најголемиот дел од она што ќе овозможи соодветно истапување на Обединетото Кралство од Унијата, рече Барние на заедничката прес-конференција со британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис.

Согласно договореното, предвидено е воспоставување на преоден период, што ќе трае од излезот на Велика Британија од Унијата на 29 март 2019 година., па до 31 декември 2020 година.

Барние нагласи дека останува уште да се постигне целосен договор околу копнената граница меѓу британската покраина Северна Ирска и Република Ирска, која е дел од ЕУ.

Дејвис, од своја нагласи, дека постигнатиот напредок во преговорите за Брегзит претставува „значителен чекор“ напред кон конечен договор.

Тој воедно изрази надеж дека договореното ќе биде поддржано од лидерите на ЕУ на Самитот предвиден за в четврток и петок.

Дипломатски извори од Брисел информираа дека на денешните разговори бил утврден нацрт текстот за договорот за Брегзит во делот што се однесува за преодниот период, како и дека е постигната „широка согласност околу ирската граница“.

– Усогласен е и конечниот текст на договорот за правата на граѓаните на ЕУ кои ќе останат да живеат во Велика Британија по Брегзитот, како и финансикиот договор, дополни истиот извор,

Денешната средба на главните преговарачи претставува продолжени на разговорите меѓу дипломатски претставници ЕУ и Велика Британија што се одржаа изминатиот викенд во обид за надминување на разликите околу одредбите во конечниот договор.

брегзит Брисел Британија Договор ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

ВЕСТИ July 17, 2026

 Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за „чистење“ на судиите и на обвинителите, како и дека…

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.