Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел има уплав од романското претседавање со ЕУ

0
By Светлана Јовановска on December 29, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 29, 2018 15:38

Романскиот претседател Клаус Јоханис во ноември изјави дека неговата земја не е подготвена да седне во раководната фотелја на ЕУ. Европската комесарка Вера Јурова исто така изрази сериозен сомнеж во романскиот капацитет да ја води ЕУ. А денес ним им се придружи и првиот човек на Европската комисија Жан-Клод Јункер кој  изрази сомневање дека романската Влада знае што значи да се претседава со Европска унија и покажа загриженост за ова претседавање во следните шест месеци.

И романскиот претседател се сомнева во подготвеноста на земјата да ја води ЕУ

– Романија технички е многу добро подготвена за шестмесечното претседателство со Советот на ЕУ, што почнува на 1 јануари. Но, сметам дека Владата во Букурешт целосно не разбира што значи да се претседава со земјите од ЕУ… Треба да се слушаат другите и да се остават настрана сопствените грижи, истакна Јункер во интервју за „Велт ам зонтаг“.

Романската премиерка дојде во Брисел во обид да ја поправи сликата за Романија во ЕУ

Според него внатрешните политичките недоразбирања во Романија се сигнал дека земјата на европската сцена не изгледа како целина.

– Дома е неопходен единствен фронт за да се охрабри единството во Европа за време на претседавањето со Советот на ЕУ, наведе Јункер.

На 1 јануари 2019 година во претседателската фотелја на ЕУ седнува Романија. А во наредните шест месеци, ЕУ влегува во деликатна фаза со, пред се, брегзитот и изборите за Европскиот Парламент. Да се биде на чело на ЕУ значи да се координира работата на сите тела на ЕУ и да се работи на компромис помеѓу земјите членки за решавање на проблемите и израмнување на можните несогласувања.

Романија го има проширувањето кон Балканот како еден од приоритетите на својата претседателска агенда. Пред десетина дена, Џорџе Чиамба, министер делегиран за европски прашања во романската Влада, се сретна со премиерот Зоран Заев. Букурешт вети дека ќе продолжи да ги поддржува позитивните промени во Македонија, како и дека нашата земја може да смета на Романија во интеграцијата во ЕУ. Прашање е дали Романија ќе успее да ги одржи овие заложби со оглед на нејзиниот ослабнат дипломатски и политички кредибилитет кај другите земји членки.

Бидејќи фронтот за кој зборува Јункер во Романија го нема.

Во 2013 година и 2014 година, Романија влезе во сериозна борба со корупцијата што го кочеше развојот на државата во сите области. На чело на оваа борба застана специјално обивнителство а европските институции и медиуми немаа доволно позитивни зборови за овој фантастичен успех во борбата против корупцијата. «Романија е на добар пат и мора да остане на тој пат», изјави потпредседателот на Европската комисија  Франс Тимерманс додавајќи дека борбата против корупцијата е најголемиот предизвик и приоритет.

Од лани Романија тргна по погрешен пат, велат во Брисел. На крајот на 2016 година на власт во Романија дојде социјалистичката партија. И почна нови реформи во судството кои станаа вистинска закана за постигнатиот успех и зелено светло за спас на високите функционери што беа во затвор или пред затворска казна. Овој пат, Комисијата му се закани на Букурешт со тужба пред европската правда. Брисел не би сакал Романија да се стане новата Унгарија или Полска а земјата како да ги следи овие негативни примери.

По Романија на чело на ЕУ доаѓа Финска. Всушност, Романија, Финска и Хрватска (претседавачот за првата половина на 2020 година) веќе работат рака под рака. А неподготвеноста на Романија најдобро ја илустрираше еден фински предлог: откако Хелсинки сфати дека од Букурешт ЕУ нема да има многу фајде, се понуди да ја замени Романија од 1 јануари. Предлогот не беше прифатен во Букурешт. Но, многу кажува за идниот претседавач со ЕУ.

брегзит Букурешт ЕУ ЕУ избори Жан-Клод Јункер претседавач Романија Финска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.