Велика Британија потпиша договори за обезбедување на 90 милиони дози од две потенцијални вакцини против Ковид-19, произведени од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТех“, како и француската група „Валнева“. Финансиските детали за договорите не се објавени.

„Новото партнерство со некои од водечките светски фармацевтски компании ќе и овозможи на Велика Британија најдобра можност да обезбеди вакцина која ќе ги заштити оние кои се најмногу изложени на ризик од коронавирус“, изјави министерот Алок Шарма.