Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Будна и на штрек: Шарената револуција против линчот врз Јанева

0
By Влатко Чаловски on September 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шарената револуција е тука, будна и порача:

„Од нас зависи. Мора да продолжиме да вршиме притисок врз злосторничкото здружение, врз власта, врз институциите и врз домашната и меѓународната јавност “, ова е последната порака на “шарените“ кои порачаа дека ќе бидат на штрек, за денеска повторно по неколку месеци пауза, да се вратат на улиците.

Сега на социјалните мрежи објавија повик за собир пред Собранието за попладне во 17 часот, а во знак на поддршка за Специјалното обвинителство.

„СЈО е под канонада на режимските гласноговорници. Периодов во Собранието и по медиумите можеме да забележиме вистински линч и пропаганда против Катица Јанева и целото обвинителство“,  се вели меѓу другото во повикот за протест.

Она што беше обележје на реката од граѓани кои протестираа низ улиците во Скопје а потоа и низ други градови во Македонија се боите, кои и по неколку месеци се уште се “дел“ од фасадите на Собранието, Порта Македонија, Министерството за правда и други институции.

За време на протестите како повик за освестување на власта, беа упатени неколку пораки до властите, за нејзината нетранспарентност, за ненаменското трошење на парите, за корупцијата, за сомнителната еврообврзница, за аболицијата од претседателот Ѓорѓе Иванов, за убиството на Мартин Нешковски и други позначителни настани кои го свртеа рефлекторот врз Македонија како во домашната така и во меѓународната јавност.

Деновиве на тапет пред пратениците е специјалната обвинителка Катица Јанева, која треба да ги истражи индициите за криминал кои произлегоа од “бомбите“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Соочувајќи се со пратениците, Јанева, претежно од владејачкото мнозинство во Собранието е предмет на исвиркувања, а истите негодуваат на нејзините одговори, бранејќи се дека таа немала капацитет да ги заврши обврските кои произлегуваат од Законот за Специјалното обвинителство.

Освен тензичните расправи кои се водат во Комисијата за политички систем и однос меѓу заедниците, на тимот на Јанева се уште им претстои одлуката на Уставниот суд, кој треба да се произнесе за законитоста на СЈО, како што е договорено според целокупниот Пржински договор.

Оттаму и потребата на Шарената револуција да се стави во улога на заштитник на обвинителството, барајќи индициите за криминал да се најдат во судски процедури и да се реши дали власта на екс-премиерот Никола Груевски вршела криминал во изминатите 10 години на владеење.

Она што започна како идеја а се формираше во концепт, Шарената револуција, неформално започна по објавувањето на бомбата за убиството на Мартин Нешковски, а на 12-ти април по објавувањето на аболицијата на Иванов за функционерите против кои СЈО води постапка протестите стануваа се помасовни и помасовни.

Под иста идеја се обединија луѓе со различни политички убедувања, студенти, пензионери, анархисти било да се Македонци, Албанци, Хрвати, Срби или Турци во надпартиско етничко или било какво друго обележје.

Иако првиот протест помина мирно и со засилено полициско обезбедување следниот ден демонстрантите се судрија со полицијата, откако целосно ја демолираа Народната канцеларија на Иванов. Тогаш беа приведени 12 демонстранти а кривични пријави произлегоа и за членови на новата партија Левица, односно за Здравко Савески, Владимир Куновски и Мариглен ova-ke-bide-triumfalnaДемири.

Савески, Куновски како и студентот Борјан Ефтимов одреден период поминаа и во домашен притвор.

По тензичните протести на 13.април, протестите продолжија секојдневно.

„Ова ЌЕ биде триумфална порта“, „Ова кошта 208 Тамари“, се дел од пораките запишани на Порта Македонија.

tamarИницијална каписла на таквиот начин на протестирање беше огромното полициско обезбедување на седиштето на партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ, за кое демонстрантите од Шарената револуција коментираа дека подобро е обезбедена и од Собранието и од Владата на Македонија. Затоа спомениците од проектот „Скопје 2014“ беа главната мета.

Нивните неколкукратни обиди за боење на барокната зграда на оваа партија во неколку наврати беа неуспешни а завршуваа со тензии помеѓу полицијата и демонстрантите.

Демонстрациите беа прекинати во средината на јули оваа година по постигнувањето на Договорот од Пржино во кој најголем дел од ултиматумите на Шарената револуција беа исполнети.

Денес, по нападите врз Јанева, тие ќе продолжат во голем собир во знак на поддршка.

#Шарена револуција Катица Јанева протест СЈО Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.