Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија останува во вонредна епидемиска состојба до 30 ноември

0
By Sashko on August 25, 2021 РЕГИОН
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 25, 2021 17:18

Советот на министри на Бугарија го продолжи траењето на прогласената вонредна епидемиска состојба, од 1 септември во 2021 година до 30 ноември 2021 година, пренесува БТА.

Според Светската здравствена организација (СЗО), заклучно со 5 август, вкупниот број случаи на ковид-19 во светот надмина 200 милиони, потсетува БТА.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести, пак, укажува дека вкупната инциденца на ковид-19 во Европската Унија (ЕУ) и Европската економска област за периодот од 2 до 8 август изнесува 209,2 на 100.000 жители во споредба со 214,0 на 100,000 една недела претходно, додека вкупниот морталитет изнесувал 6,3 смртни случаи на еден милион жители во споредба со 4,7 смртни случаи на еден милион жители во последната седмица од месец јули.

Ширењето на ковид-19 во Бугарија го означува почетокот на новиот, четврти, пандемски бран. Сите области се погодени од новиот коронавирус, а во 50 проценти од областите инциденцата е над 100 на 100.000 жители. Случаи на ковид-19 се дијагностицираат кај луѓе од сите возрасти, но и кај медицинскиот персонал.

Со прва доза на вакцина до 14 август во земјата биле опфатени 20,1 проценти од возрасната популација, а целосно се имунизирале 18,2 проценти од населението. Продолжувањето на вонредната епидемиска состојба и спроведувањето на анти-епидемиски мерки во земјата има за цел да го намали влијанието на ковид-19 врз јавното здравје и здравствениот систем, земајќи го предвид реалниот ризик од ширење во Бугарија на разни варијанти на САРС-КоВ- 2 со висока инфективност.

Бугарија вонредна состојба епидемија Ковид-19 регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.