Шалке немаше милост кон Падерборн, Фрајбург со нова одлична претстава го оправда епитетот хит во Бундеслигата на почетокот на сезоната. Тимот од Гелзенкирхен беше во негатива по само осум минути игра на гостувањето на „Бентелер арена“, но одговорот што следуваше за новајлијата во германската фудбалска елита беше суров.

Конечни 5:1 за екипата на Шалке која се искачи на шестото место на табелата со седум бода колку што имаат и Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен. Два гола постигна Мароканецот Амине Харит (71’ и 85’), по еднаш погодија Салиф Сане (33’), Суат Сердар (49’) и Ахмед Кутучу (83’).

Хофенхајм покажа дека е далеку од перформансите од минатата сезона и сè уште е во потрага по посакуваната форма. Уште по првото полувреме беше во нокдаун во мечот со Фрајбург кој на крајот славеше со 3:0. Кристијан Гунтер во 11. минута, Јаник Хаберер во 38. минута и Нилс Петерсен во 59. минута се погрижија за гостите да заминат со цел плен од „Рајн Некар арена“.

Бундеслига, 4 коло

Падерборн – Шалке 1:5

Хофенхајм – Фрајбург 0:3

Лајпциг – Баерн Минхен 1:1

Аугсбург – Ајнтрахт Франкфурт 2:1

Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен 4:0

Келн – Борусија Менхенгладбах 0:1

Мајнц – Херта 2:1

Унион Берлин – Вердер 1:2

Фортуна Дизелдорф – Волфсбург 1:1

Табела: Лајпциг 10, Борусија Дортмунд 9, Фрајбург 9, Баерн Минхен 8, Волфсбург 8, Шалке 7, Борусија Менхенгладбах 7, Баер Леверкузен 7, Ајнтрахт Франкфурт 6, Вердер 6, Фортуна Дизелдорф 4, Унион Берлин 4, Хофенхајм 4, Аугсбург 4, Келн 3, Мајнц 3, Падерборн 1, Херта 1.