Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буш, Блер и злосторството против човештвото

0
By Светлана Јовановска on July 27, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 27, 2016 12:23

Злосторство против човештвото слично на геноцид. Со овие зборови е опишана воената интервенција на САД и Велика Британија во Ирак во 2003 година во извештајот на три научни пацифистички организации.

Војната во Ирак, започната во 2003 година по терористичките напади во САД од 9 септември 2011 година во наредните 12 години однесе 1.300.000 жртви само во Ирак, Авганистан и Пакистан, тврди извештајот на три научни пацифистички организации насловен “Body Count : Casualty Figures after 10 years of the ’War on Terror”  а автори се Меѓународната организација на лекарите за превенција на нуклеарна војна, организација која доби Нобелова награда во 1985 година, и Доктори за социјална одговорност и Доктори за глобално преживување.

1

“Злосторство против човештвото слично на геноцид” кое однесе 1.300.000 жртви само во Ирак, Авганистан и Пакистан.

Дека војната во Ирак донесе тешки последици на кои не им се гледа крајот, потврдува уште еден британски извештај објавен на 6 јули 2016 година. Извештајот го доби името Шилкот според претседателот на независната британска комисија која врз овој документ од повеќе од 100 страни работеше 7 години.

Што тврди Шилкот извештајот?

Во 2003 година Садам Хусеин, ирачкиот диктатор, не беше доволно голема закана за да се нападне Ирак а последиците од нападот биле лошо проценети. Дел од тие последици е појавата на терористичката организација Исламска држава (ИД) и стотиците илјади жртви во светот и стравот кој го чувствува секој од нас по се почестите терористички напади.

Воената интервенција на САД и Велика Британија во Ирак создаде плодна почва врз која никна терористичката организација Исламска држава.

Поранешниот британски премиер Тони Блер призна дека постои врска помеѓу нападот врз Ирак и појавата на ИД. Во интервју за Си-Ен-Ен тој изјави дека “не може да се каже дека оние кои го турнаа Садам во 2003 година немаат никаква одговорност во ситуацијата во 2015 година”.

Ова признание на Тони Блер не е излив на спонтана искреност туку последица на извештајот на независната истражна комисија за интервенцијата во Ирак со која престедаваше Џон Шилкот. Цел на овој извештај, кој се подготвуваше цели 7 години и беше објавен на 6 јули 2016 година, беше да се утврди вистината за механизмите кои довеле до инвазијата на Ирак.

2

Во 2003 година меѓународната коалиција која ја предводеше САД го нападна Ирак, го урна Садам Хусеин и донесе нова влада во земјата.

Официјално војната траеше три месеци но насилството продолжи во вид на «асиметрична војна» во која се бореа повеќе групи бунтовници, паравојски, членови на Ал Каида, американската војска и силите на новата ирачка влада.

Ова е првата “превентивна војна”, разработена од администрацијата на Џорџ Буш, која требаше да ја спречи употребата на оружје за масовна деструкција. Администрацијата на Буш тврдеше дека има докази за постоење на вакво оружје во Ирак и ја доби целосната поддршка на неколку земји помеѓу кои најверна на САД и беше Велика Британија.

Франција беше единствената земја која се спротивстави на овој воен ангажман.

Последиците на ирачката војна беа потценети

Но, по 14 години, извештајот на Шилкот го тврди токму спротивното. Разузнавачките служби дале погрешни информации и не ги проверувале нивните извори на теренот: “Заканата од оружје за масовно уништување која беше презентирана не беше оправдана”, пишува извешајот.

Разузнавачките служби дале погрешни информации и не ги проверувале нивните извори на теренот: “Заканата од оружје за масовно уништување која беше презентирана не беше оправдана!, пишува извешајот.

Освен тоа извештајот тврди дека британската војска не била добро подготвена а Велика Британија тргнала во војна пред претходно да ги исцрпи сите други мировни алтернативи.

“Воената акција не беше неопходна во тој период”, тврди извештајот.

Документот остро го критикува Тони Блер кој на Џорџ Буш му напишал «”Ние сме со вас што и да се случи” без да води сметка за последиците на овој воен ангажман.

“И покрај предупредувањата, последиците на војната беа потценети. Планирањето и подготовките за Ирак по падот на Садам беа тотално неадеквантни. Владата потрфли во исполнувањето на целите што ги имаше поставено”, додава Шилкот.

Целта на комисијата Шилкот не беше да утврди дали оваа воена интервенција била легална. Во тој период се водеа дебати околу легалноста на оваа војна. Комисијата утврди дека одлуката за легалноста на војната не била задоволувачка бидејќи Велика Британија и коалицијата не добија одобрување од Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Тони Блер се извини

Според Шилкот, овој настан треба да биде лекција: “Во иднина вакви ангажмани треба да станат невозможни” бидејќи толку тешка војна не смее да се води без претходно детално да се анализираат ризиците и пред да се дојде до политичка одлука зад која ќе застанат сите политички сили.

Комисијата утврди дека одлуката за легалноста на војната не била задоволувачка бидејќи Велика Британија и коалицијата не добија одобрување од Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Франција беше единствената земја која отворено се спротивстави на овој воен ангажман.

Документот на трите научно медицински организации тврди дека во Ирак, по воената интервенција на САД и Велика Британија, секој ден гинеле по 500 луѓе. Оваа бројка беше објавена во 2006 година во познатото британско медицинско списание ’The Lancet’ кој исто така подвлече дека оваа бројка изнесува 2.5 отсто од ирачкото население во тој период.

Тони Блер се извини за грешките:

3

“Се извинувам поради тоа што разузнавачките податоци не беа точни. Се извинувам и за грешките во планирањето и затоа што не предвидовме што ќе се случи кога режимот на Садам ќе биде урнат”, рече Блер. Но додаде дека не може да се извини што го урнал Садам.

Тишината на Вашингтон

Извештајот на Шилкот практично не споменува дека главна улога во оваа интервенција играла американската администрација на чело со Буш.

Американските медиуми исцрпно го анализираа извештајот но официјална реакција од Белата куќа изостана.

Американската влада не сакаше да коментира а портпаролот на американското министерство за надворешни работи кусо изјави дека “Шилкот комисијата е независно тело кое беше назначено од британската влада а прашањата за истрагата и оние кои учествувале треба да бидат упатени директно во комисијата”.

Според бројни медиуми, токму тишината која дојде од Вашингтон по овој извештај е најдобриот и најелоквентен американски одговор.

По 2003 година и воената интервенција на САД и Велика Британија, Ирак влезе во долга граѓанска војна. Внатрешниот конфликт направи плодна почва за појавата на ИД која си додели контрола врз голема територија која денес се протега во Сирија и Ирак. Терористичките активности на оваа организација денес му се познати на целиот свет.

Блер Буш војна ИД Ирак тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.