Browsing: ВЕСТИ

Првото и најверојатно е коалиција меѓу СДСМ/Беса и ДУИ, второто се однесува на коалиција меѓу СДСМ/Беса со Алијанса на Албанците и Алтернатива плус Левица и третото и најмалку веројатно е коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица и ДПА, е вели во анализата на турската новинска агенција

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во изминатото деноноќие се направени 1.312 тестирања со позитивни наоди кај 54 лица во Скопје, 18 во Штип, 16 во Гостивар, шест во Струга, по пет во Куманово и во Тетово, по четири во Дебар и во Кичево, три во Охрид, по две во Свети Николе и во Битола и по едно лице во Прилеп, во Крушево, во Демир Хисар и во Ресен

Oд Министерството за здравство истакнуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.437 тестирања со позитивни резултати кај 64 лица во Скопје, 19 во Штип, 14 во Струга, по седум во Куманово и во Тетово, шест во Гостивар, пет во Охрид, четири во Кичево, три во Свети Николе, по две во Битола и во Радовиш и по едно лице во Прилеп, во Велес, во Крушево и во Демир Хисар

Неопходноста од промени и обединување во ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров ја изрази преку колумна во „Дојче Веле“ додека поранешниот прв човек на УБК се јави со реакција на социјалните мрежи. Пораки во тој контекст вчера испорачаа и Никола Попоски и Даниела Рангелова

Партијата што обезбеди два мандата во новиот собраниски состав, меѓу другото, е за укинување на Охридскиот рамковен договор, поништување на Договорите со Грција и со Бугарија, признавање на независноста на Палестина, на Каталонија и на Баскија и отповикување на признавањата на Косово, на Израел и на Јужна Кореја

Според „Стратегиски план 2020-2022“, се наведува во анализата на „Порталб“, само за исплата на пензии на ПИОМ му се потребни 946 милиони евра. Оваа сума во наредната година ќе се достигне ниво од 980 милиони евра, а во 2022 година ќе надмине една милијарда евра. Прогнозите на ПИОМ покажуваат дека бројот на пензионери во земјава ќе се зголеми за нови 10.153 корисници на пензија до 2022 година

Локалниот жител Лазарос Олис вели дека во Идомени секојдневно пристигнуваат по околу 200 луѓе. „Некои поставија и шатори на полињата. Се плашиме дека Идомени повторно ќе прерасне во камп“, изјави Олис

Научници ширум светот се во потрага по вакцина против коронавирус. На листата на Светската Здравствена Организација (СЗО) се 160 потенцијални вакцини. Кој ќе победи во трката, уште е неизвесно. Три тима веќе започнаа опсежни, завршни студии