Browsing: ВЕСТИ

Од Министерството за здравство посочуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.140 направени тестови кои покажале позитивни резултати кај 66 лица во Скопје, 19 во Тетово, 15 во Штип, шест во Куманово, четири во Кавадарци, по три во Ресен и во Прилеп, по две во Струга, во Велес, во Гостивар и Пробиштип и по едно лице во Битола и во Свети Николе

Оние што планираат да патуваат, се обврзани да бидат на аеродромите на три часа до летот, забрането е влегување во аеродромската зграда на роднини на патниците, а ограничено ќе биде и користењето на чекалницните. Авио-компаниите нема да воведат рестрикции на летовите, како што се споменуваше претходно за средното седиште во авионот да биде празно

Државниот јавен обвинител порачува дека Јавното Обвинителство е подготвено за имплементација на новите одредби од Законот, за преземање на предметите од поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) и дека сторителите на кривични дела ќе добијат заслужена казна. Но, и дека Обвинителството овојпат нема да ја повтори грешката од минатото во кое, поради непостапување, се формира СЈО

Екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, а сега лидер на ВМРО-НП со вакво тврдење во интервјуто во емисијата „Во центар“. Документот, како што рече, „своевремено го дал на поранешниот министер за финансии, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, но не излегол во јавност“

Ова е билансот на коронавирус во земјата за последните 24 часа во кои се направени 868 тестирања што, според Министерството за здравство, дале позитивни резултати кај 57 лица во Скопје, 19 во Тетово, 13 во Штип, 10 во Куманово, седум во Прилеп, шест во Гостивар, пет во Охрид, четири во Велес, три во Струга, по две во Пробиштип и во Свети Николе и по едно лице во Дебар, во Битола, во Кавадарци и во Ресен

Со десетте стратешки државни институции заеднички ќе управуваат по еден Македонец и Албанец кои ќе имаат заеднички права за потпишување, флексибилно работно време и пола работен ден во петок, а 13 август, денот на потпишување на Охридскиот рамковен договор, да биде национален ден, истакна меѓудругото кандидатот за премиер на ДУИ

На јутјуб се појави нов детал од разговор на Христијан Мицкоски со осудениот во случајот рекет Кичеец во која тој потврдува дека и Сашо Мијалков бил еден од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ