Browsing: ВЕСТИ

Но, тоа, според лидерот на СДСМ, не значи дека не се отворени за постизборна коалиција, со оглед на тоа што е потребно стабилно мнозинство со цел да се работи на исполнување на сите реформски процеси и развој на економијата за да се подобри животот на граѓаните

Веќе дванаесетта година најмалите од полошкиот регион го учат јазикот и културата на другиот во рамки на групата „Мозаик“ во детските градинки во Тетово и Гостивар. Дечиња од македонска и албанска етничка заедница во групите се воспитуваат, образуваат, другаруваат и создаваат на двата јазика. За нив се грижат по две наставнички кои ги говорат и македонски и албански и велат дека за групата има интерес од родителите, затоа што децата ја практикуваа мултијазичноста и во натамошното школување

Според техничкиот премиер, системот за добро справување со евентуално миграциска криза функционира постојано и сите надлежни институции се максимално посветени на справување со евентуален зголемен број мигранти.

Поранешниот македонски претседател со ваква порака од „Копаоник Бизнис Форум“ на кој, меѓу другото“ се дебатираше за иницијативата „Мини Шенген“ што е оценета како добра за граѓаните и економската интеграција на целиот регион на Западен Балкан (ЗБ), но некои земји не учествуваат поради суетата и сметаат дека е тоа за врзување со Белград

Првиот договор Мицкоски го склучил во 2016 година тежок 1,6 милиони денари за две години. Само по 5 месеци, во март 2017 Мицкоски склучил нов Договор, вреден нови 8.850.000 денари, за адвокатски услуги. Само со овие два договори, за пет месеци, извршителот Мицкоски му обезбедил на Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, 170.000 евра, пари на граѓаните, рече портпаролот на СДСМ

Македонскиот шеф на дипломатијата во интервју за грчкиот весник истакна дека е неправедно кон гласачите да велиме дека Договорот од Преспа треба да се поништи, а зад затворени врати да велиме на странските соговорници дека тој е реалност што треба да ја прифатиме