Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров за „То Вима“: Не сме совршени, имаме уште работа, но сме во вистински правец

0
By Нова ТВ on March 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 2, 2020 08:47

Договорот од Преспа претставува дел од меѓународното право, но сега имаме потреба од затворање на ова поглавје со почеток на преговорите за членство во Европската Унија што ќе биде од големо значење за надминување на поделбата кај нашиот народ, вели министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за грчка „То Вима“.

„Никола Димитров во својот календар има заокружено цела низа клучни датуми. Но, најважен е 24 март за кога е закажан Советот за општи работи на ЕУ во Брисел и на дневен ред е прашањето за определување датум за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија“, пишува „То Вима“ во воведот на интервјуто со Димитров.

Тешко и долготрајно приближување до Европа

Постапката за приближување и за членство во европските асоцијации секогаш била долготрајна и тешка, особено сега бидејќи Северна Македонија се движи кон избори на 12 април. Пред сѐ поради противењето на Франција која во октомври се спротивстави за давање на посакуваниот датум за преговори што предизвика внатрешна криза во земјата и доведе до распишување на предвремените парламентарни избори.

„Се чувствуваме како главниот протагонист на филмот „Groundhog Day“ (Денот на мрмотот) кој треба да направи сѐ совршено за да се разбуди наредниот ден. Не мислам дека сме совршени, ниту една земја не може да биде совршена. Но, верувам дека нашиот случај е силен. Инвестиравме во решавање на тешки прашања, направивме еден демократски пресврт во земјата. Имаме уште работа, но се движиме во вистински правец. Успеавме, исто така, да го затвориме и последното легислативно прашање што беше важно за одредени земји-членки, но и за самите наши граѓани, гарантирајќи го продолжувањето на судските случаи и постоењето на едно тело на јавни обвинители кои ќе се борат против длабоката корупција. Шефот на ова тело ќе се избира од самите обвинители и нема да биде определуван од политичките партии во парламентот“, објаснува Димитров.

Густа програма и предизвици

Погледите сега се свртени кон случувањата во март. Календарот е густ. Во следните денови, најверојатно на 4 март, Европската комисија ќе ги објави Извештаите за напредокот за Северна Македонија и на Албанија. Потоа ќе се спроведат два круга локални избори во Франција на 15 и на 22 март. Овие избори, според многумина, се сметаат како една од причините за тврдиот став на претседателот Емануел Макрон минатата есен. Два дена по вториот круг, на 24 март ќе се одржи критичниот Совет за општи работи.

И доколку министрите за надворешни работи на 27-те земји-членки на ЕУ не успеат да се договорат, сѐ ќе се одлучува на Самитот на шефовите на држави и влади на Европскиот Совет на 26/27 март во Брисел. Француските грижи за методологијата за проширување се смета дека се надминати по објавувањето на предлогот на Комисијата за еден поуверлив начин на контрола на напредокот на земјите кандидати.

„Новата методологија решава одреден дел од загриженоста на земјите-членки и ја содржи можноста за реверзибилност на процесот. Една земја-членка може да ја иницира оваа постапка и се бара квалификувано мнозинство за да се спречи. Се предвидува, исто така, корист за оние кои целите ќе ги исполнат побрзо, како и пристап кон повеќе средства. Доколку кон ова се додаде и претстојниот Извештај во март, тогаш ги имаме елементите за успех. За нас ќе биде многу важно, важно за регионот, но и за самата Европа, бидејќи денешната Комисија има амбиција да биде геополитичка и да игра поголема улога во светските случувања. Ако ЕУ не може да ја направи разликата со Западен Балкан, еден регион опкружен со земји-членки, ќе биде многу тешко да има слични амбиции вон европската географија“, нагласува Димитров.

„НЕ“ за разногласието за Преспа

Внатрешната политичка состојба не е розова. Релевантни анкети нема, при што разликата меѓу двете големи партии, СДСМ на Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е во рамки на статистичка грешка. Клучен фактор, недвосмислено, ќе биде гласањето на Албанците во земјата, иако последниве денови се забележува еден значаен развој – СДСМ предизборно се согласи на изборната пресметка на 12 април да оди заедно со партијата БЕСА, трета по јачина партија кај Албанците по ДУИ и Алијансата за Албанците.

Фото: meta.mk

Неодамнешниот инцидент со сега веќе поранешната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи и отстранувањето на таблата од Министерството на која што пишуваше „Република Северна Македонија“, сепак, ги покажа проблемите што би можеле да произлезат со имплементација на Договорот од Преспа. Министерката која е член на ВМРО-ДПМНЕ беше разрешена, но Димитров е сосема јасен во својот став.

„Треба да бидеме чесни кон народот и искрени кон гласачите. Можеби е легитимно некој да има таква агенда, но истовремено треба да ги имаме предвид и последиците. Не е праведно јавно да велиме дека Договорот од Преспа треба да се поништи, а зад затворени врати да им велиме на странските соговорници дека тој е реалност која што треба да ја прифатиме. ВМРО-ДПМНЕ го гласаше Протоколот за НАТО, но се обиде да ги дискредитира оние кои ги гласаа измените на Уставот. Се спротивставуваат на Договорот од Преспа, но им се допаѓаат резултатите од него“, завршува шефот на македонската дипломатија.

Што се однесува до имплементацијата на Договорот, оценува дека „секогаш можеме подобро“, но позитивно е што може да разговараме за прашања кои произлегуваат со добра волја и без да биде доведена во прашање целата постапка.

„Заедно сме во сето ова и треба да им покажеме на нашите граѓани дека е во интерес на двете страни“, вели министерот Никола Димитров за „То Вима“.

ЕУ интервју Македонија Никола Димитров То Вима
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.