Browsing: ВЕСТИ
Што бранеше Мизрахи пред таблата во МТСП – својата наивност или демагогијата на ВМРО-ДПМНЕ?
Работите се случуваа на дневно ниво, а националната Стратегија не се почитуваше. Се носеа одлуки кои не беа од интерес на граѓаните, тоа беа проекти кои не го зајакнаа здравствениот систем. Граѓаните и вработените се изморија од сето тоа. Стравот се вгнезди секаде
СДСМ вади три аргументи дека нема скриена амнестија во предложениот закон за ЈО. Првиот е СМС пораката на лидерот Заев во која го известува Боки 13 дека не може да го прими на состанок и дека кривичното дело е толку сериозно што бил згрозен од доказите. Вториот е исказот на Орце Камчев на кого лично му сугерирал да го пријави случајот и третиот е предметот „Рекет 2“ во кој е обвинета и екс партиската функционерка, Фросина Ременски
Многу млади луѓе ја напуштаат Северна Македонија, пред сe, во насока на Германија и на Австрија. Се надеваат на работа и на подобри плати, забележува репортерот на радиото „Дојчландфунк“ пред германската амбасада во Скопје. Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, вели дека германскиот пазар на работна сила е привлечен за македонските работници, но многумина од нив не размислуваат за високите трошоци за живот во Германија
НОВА, во неколку продолженија ќе ги објавува записите на новинарката Менче Атанасова Точи, кои се дел од публикација „Македонија од Букурешт до Преспа“ на ФООМ
Последните истраги на словенечките власти доаѓаат по анализата која беше вчера објавена на порталот „necenzurirano.si“. Според порталот, најмалку четири милиони евра преку компании блиски до Орбан се дале за финансирање на медиумско-политичко-разузнавачка операција во Словенија и во Северна Македонија
Една од ланските предавачи на Школата за млади лидери, која функционираше под покровителство на експретседателот Ѓорѓи Иванов, очигледно е одбрана како непартиски кадар да биде главен партиски арлекин на предизборната политичка сцена.
Компанијата В4НА која се пренесува во Македонија преку Словенија е основана од унгарскиот амбасадор во Велика Британија и најблискиот советник на Орбан, Арпад Хабони
Документот ќе биде со одложено дејство и ќе стапи на сила, откако ќе биде ратификуван и од шпанскиот Сенат, како последен чекор за и официјално земјава да стане 30 членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот
Во Копанце живеат околу 150 албански семејства и околу 60 македонски. Мештаните велат дека македонското и албанското маало се формирани врз основа на имотите што ги имале нивните предци. Околу црквата живеат албански семејства, црквата е веднаш до џамијата, има две кафеани што ги држат Албанци, но без разлика тука одат и Македонци и Албанци
Голема благодарност до Атиџе, Тамара, Љубо, Семир, Феко и Фаца, што не направивте да се чувствуваме големи, рамноправни, победници. Да ни се поклонуваат величини и да признаат дека нашата земја сега е повеќе позната од било кога, напиша на фејсбук директорот на Агенцијата за филм
Во последните години, унгарскиот политички врв, преку една од словенечките банки и помагачи во Словенија, спроведува огромна меѓународна операција за политичко разузнавање и поддршка на медиуми блиски до ВМРО ДПМНЕ во Македонија. Целта на оваа операција е да се собори владата на Зоран Заев и Преспанскиот договор кој на Македонија и обезбеди членство во НАТО, пишува словенечкиот портал „necenzurirano.si“















