Browsing: ВЕСТИ

Претпладнево во Владата, двете страни ја потпишаа Спогодбата што предвидува корекции на месечните лични доходи за околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции

Царинската управа забранила влез во државата на две цистерни на „Алма Транспорт“ кои носеле масла несоодветни на тоа што пишувало во нивната документација за увоз. Цистерните биле натоварени во Словачка и во Унгарија и успеале да стигнат на српско-македонската граница каде што пријавиле дека транспортираат адитив за масло и антикорозивно течно масло. Но, извори од граничниот премин пренесуваат дека по проверките на земените примероци било утврдено дека во едниот резервоар има масло со примеси на дизел гориво, а во другиот имало материјал кој имал изглед и состав на мазут, односно некаков нафтен дериват

Републичкиот Судски совет на денешната седница го разреши од судиската функција поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски. Toj е обвинет и за злоупотреба на службена положба за распределувањето на предметите преку АКМИС системот, но судењето сè уште не е почнато бидејќи неколку пати се одложува

Одлуката ја донесе Владата на денешната седница со образложение за направен пропуст и давање на согласност за отстапување на МНТ без писмен договор. Настанот се случи како втор дел од свечената Академија по повод 111 години од Денот на албанската азбука кога, по официјалниот дел, вечерта продолжи со прикажување на документарен филм по повод 30 годишнината од формирањето на навивачката група на чаирскиот фудбалски прволигаш Шкупи

Од Државниот пазарен инспекторат земале примероци од нафтата на „Тритерол петрол“. Но, и од други компании на македонскиот пазар, како „Јавор шпед“ и „Супер трејд“ од кои сопствениците на неготинската компанија пред пазарните инспектори тврделе дека ја купуваат нафтата за греење, како и мостри од горивото што цистерните на „РКМ Скопје“, компанија на Ратко Капушевски, го превезувале од странство за домашниот пазар

Вчера во дел од македонската јавност видовме информации за сведочењето на Зоран Милески – Кичеец. Ако ова е веродостоен извадок од сведочењето, Заев и министрите треба да одговорат на многу серизони прашања, порача Ѓорчев

И до нас допреа информации дека ДУИ може да реши да одглуми некаква храброст и да ја напушти Владата, но и да се случи такво нешто, би било навистина идиотски после толку години власт и такви лоши политики сега ние да го спасуваме ДУИ. Не доаѓа предвид да влеземе во техничката Влада, вели генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари

Советничката на Стево Пендаровски, Мирјана Лазарова-Трајковска, во интервју за Нова ТВ говори зошто не е поканета од Владата да размени…