Browsing: ВЕСТИ

Откако во јавноста се ширеа гласини за тоа каде е претседателот на Русија Владимир Путин и по пишувањата дека е болен бидејќи во јавноста го немаше од 5.март, Кремљ соопшти дека не се работи за никаква болест

Укинати се бесплатните микробиолошки брисеви за бремените жени од социјално загрозени семејства, за 75 проценти е намален буџетот за гинеколог во Шуто Оризари. На оваа тема во ПРОЦЕС разговараме со Игор Јадровски од ХЕРА и Салија Бекир Халим, параправничка и теренска работничка

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија Слаѓана Тасева во Студио на НОВА говори за кривичните дела кои ги откриваат аудио снимките на опозицијата, како и за улогата на институциите во брзото расветлување на овој случај

Аферите „Пуч“ и „Бомба“, обидите за реформи во ВМРО ДПМНЕ низ светло на амстердамската тројки и актуелните политички тензии низ призма на евроатлантските перспективи се тема на денешната дебата на НОВА. Гости во студиото се Јове Кекеновски и Петар Арсовски

До денеска, поради многу малиот број докази, и ниеден официјален материјал кружат најразлични теории на заговор за летот кој се обраќаше од Куала Лумпур за Пекинг – авион во кој исчезнаа вкупно 239 патници и членови на екипажот

Евтини приказни: Мислите дека Груевски не е Санадер и дека неговите најбитни луѓе нема да му додадат јаже и со сласт ќе му ја потргнат столицата, како што тоа му го стори на хрватскиот премиер лично Јандроковиќ, министерот за надворешни?

Интервју со Јосип Јуратовиќ, пратеник во Бундестагот и известувач за Западен Балкан од Социјалдемократската партија на Германија: Каде го гледа излезот од кризата во Македонија, неговиот став за странско медијаторство, за гаранциите на Груевски кон Заев дека ќе има фер и независно судење

Хозе Мухика освен што луѓето го знаат како „најсиромашниот претседател“, е воедно и претседател на земја кој рече „Јас сум против втор мандат, можам да имам идеи само за 4-5 години, потоа треба да дојде друг со нови идеи“

“Кога власта и моќта се сконцентрирани кај еден личност, сето тоа непобитно води до катастрофа. До апсолутна катастрофа”, извика Борис Немцов во своето последно интервју дадено само неколку часа пред тој да биде убиен во центарот на Москва.

Така и самиот Груевски, во својот последен говор, го понижи дури и Зола, веројатно мислејќи дека му ја одзема славата со “Обвинувам”, за да си ја припише себеси. За некој половина час педантно му ги наброи сите злочини на Заев, кој потпомогнат од соработниците работи за интереси на странска служба, крика Груевски, опишувајќи го во детали планот на бандава. Како вели драгата Хана Арент: “Хитлер и Сталин биле мајстори за детали”, кога сме веќе кај изворите на тоталитаризмот

Грција веќе неколку години ја окупира светската јавност поради тешката финансиска криза во која западна земјата поради лошото домашно стопанисување. Како оваа криза, без оглед во кој правец ќе се одвива нејзиното решавање ќе се одрази во регионот и посебно во Македонија