Browsing: ВЕСТИ

„Задоволен сум од мојата кандидатура и сум излегол во пресрет на многу барања на граѓаните, организациите и институциите. Бојкотот на ДУИ никој не го поддржува, напротив, тоа го осудија и САД и Советот на Европа” – рече Илјаз Халими

Сите граѓани на Македонија треба целосно да бидат вклучени во општеството, не да се говори за вашите проблеми само на одбележувањето на овој ден, порача претседателскиот кандидат Пендаровски.

Кандидатот за претседател на ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски, со граѓаните на скопските села Кондово, Долно Свиларе, Рашче и Шишево разговарал за “чувствителното прашање за сиромаштијата и невработеноста кои се најголемиот проблем на граѓаните”.

Поволностите кои сега важат за странските инвеститори во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) ќе важат и за домашните инвеститори. Тоа оваа влада го најави, но не го направи – и ниту пак има таква намера во иднина. На ова реагираше ВМРП-ДПМНЕ.

Според изборниот закон, државата 40 денови пред денот на одржување на изборите не смее да вработува и да објавува огласи за вработување, со што и тутунскиот комбинат како државна компанија треба да се придржува до истото, рече Сугарески

Време е НДП да го земе воланот од измамниците и насилниците на албанскиот глас, на двете други албански политички партии кои не се ништо друго освен инструмент – сателит на ВМРО-ДПМНЕ, едниот на Сашо Мијалков и другиот на Никола Груевски, рече Руфи Османи