Browsing: ВЕСТИ

Мотивите за убиството не се познати, но некои од жителите на Арачиново со кои НОВА стапи во контакт велат дека има во Арачиново буквално врие од полиција, а дека според гласините убиството се случило во близина на партиски штаб на некоја од албанските политички партии

“Во еден од локалите спроти амбасадата одредени лица ги предаваат албанските лични карти заменувајќи ги со македонски и за оваа услуга тие добиваат пари. Ова се прави од македонските политички партии кои се тука спроти нас и ја вршат уплатата”, вели Норик Селими, делегиран од ДИК во амбасадата во Тирана.

Албанците од Македонија кои работат во странство масовно гласаат на овие парламентарни избори. Пред македонските амбасадите во Берн-Швајцарија и Венеција – Италија но и пред други амбасади колона на луѓе чекале на ред за гласање.

Во пресрет на утрешниoт втор круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори во Република Македонија денеска е изборен молк. Гласање денеска има за македонските државјани во дијаспората, болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор

Во канцеларијата на Народниот правобранител утре, на парламентарните и претседателските избори, од 7 до 19 часот- бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните да пријават каква било повреда на избирачкото право

Видовме дека тогаш економијата во државата ни расте. А кога расте економијата, се расте во државата. Растат и платите и субвенциите, и стипендиите и пензиите. Се расте во државата. Но едно нешто се намалува, се намалува невработеноста

Претставниците на САД и на ЕУ во Скопје ги повикуваат лидерите на политичките партии, како и релевантните државни функционери да обезбедат услови во кои сите граѓани ќе можат да ја изразат својата воља непречено и слободно.