Browsing: ВЕСТИ
Фотографијата, која до редакцијата на НОВА ја испрати еден граѓанин, е од изборачко место број 2267 во Штип. На неа се гледа како партиски активисти вршат евиденција на гласачи
Партиски активисти на една политичка партија неовластено ги евидентираат гласачите, кои излегле да гласаат. Снимката е од гласачко место во Штип
До овие моменти, изборниот процес во Дебар се одвива во мирна атмосфера без инциденти. До 13:00 часот за претдатските избори гласаа 11% а 17,5%, за парламентарните. Споредено со изборите одражани на 13 Април бројот на избирачи се зголеми за 4% односно 7%
Наљудувачите на невладината организација „Цивил“ денеска забележаа гласачи од албанското село Пустец на неколку избирачки места во Скопје и земјава. Фотографиите се од скопската населба Аеодром каде што Пустечани биле организирано во комбе носени да гласаат
Процент на избирачи кои гласале до 13 часот, според ДИК, изнесува 27,05%, објави ДИК. На парламентарните избори вкупната излезност изнесува 30,97 проценти
Се разликува бројот на излезеност на парламентарните избори и претседателските избори
во Куманово, Арачиново и Липково навреме се отворени сите гласачки места
Од досегашните 153 пријави кои пристигнале до невладината „Цивил“, најчести се проблемите со избирачкиот список, незаконското однесување на членови на избирачките одбори, семејно и групно гласање, партиски активизам и обиди за поткуп на гласачите
Семејно гласање, поткуп на гласачи за 500 денари по глас, организиран превоз на гласачи и нерегуларности во избирачкиот список се само дел од забелешките на невладината Цивил констатирани до 12 часот
Досегашен пратеник и член на една од партиите јавно ги повикувал гласачите да гласаат за неговата партија во наслебата Шуто Оризари. Партиски активисти од истата партија делеле им делеле сендвичи на граѓаните од ромска националност, информира НВО Цивил
Пред избирачкото место 692 во општина Кавадарци, кое се наоѓа во домот на културата во с.Ваташа, од утрово тројца членови од политичка партија, седнати спроти избирачкото место со списоци водат евиденција на граѓаните што влегуваат во избирачкото место, објави порталот Мојот град
Во избирачко место во населбата Бутел, Цивил регистрира гласачи од Пустец донесени со комбе. Според Цивил, десетина гласачи од Пустец со лични карти од Македонија биле донесени во општината Бутел со комбе со регистерски таблички од Тирана, Албанија
Според извештаите од теренот големо мнозинство на гласачите етнички Албанци го одбиваат гласачкото ливче за претседателски избори и гласаат само за парлемантарните
