Browsing: КУЛТУРА

Улогите во претставата ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Почетокот на претставата е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, со забелешка дека претставата не е препорачлива за лица помлади од 16 години

Во текот на наредните 28 фестивалски денови, на отворените сцени на Античкиот театар, Долни Сарај, предворјето на „Света Софија“, како и самата црква ќе има околу 300 уметници од 19 земји, како и голем број домашни уметници. Драмската програма започнува утре со изведбата на претставата „Сестрите Прозорови“ на Чехов, во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес

Годинашниот јубилеен 20. Егзит на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија, дефинитивно нема да се одржи

Со изработка на мурал на фасадата на ЈП „Водостопанство“ во Кочани продолжува програмата на петнаесетото издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата „Факултет за работи што не се учат“

После минатонеделното отварање на 15-тиот АКТО со муралот во Битола како и муралот на домот на култура во Ченто, АКТО продолжува со интервенции во други градови низ државата во соработка со локалните заедници и различни партнери