Browsing: ПОЛИТИКА

Лидерката на ДОМ, Лилјана Поповска, дел од владината коалиција, засега воздржана околу проектот Луково поле против кој вчера се протестираше во Скопје, со најава дека ќе ја чека студијата за проценка на ризиците за животна средина

Мила Царовска, претседателка на Советот за социјална политика го обвини синдикалниот лидер Живко Митревски за добивање на функција во Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но и дека неговата сопруга добила директорско место на Јавната установа Детска градинка Мајски цвет во Битола

Претпладнево мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во центарот на Прилеп, кај кружниот тек. Сообраќајката се случила кога се судриле автомобил “фијат добло” и мотор. Од силината на ударот и автомобилот и моторот се запалиле

Потпреседателот на Државната изборна комисија Субхи Јакупи изјавува дека не се отворени сите општински канцеларии и со тоа им е оневозможено на граѓаните да се потпишат зад независните кандидати

1.787. 350 граѓани се запишани во Избирачкиот список, a од нив 68 илјади и 704 лица се водат како иселени. Јавниот увид во Избирачкиот список за априлскиот избор на шеф на државата започнува денеска и ќе трае дваесет дена

Тоа што рековте, дека нема соговорник на другата страна за името, можам само да ве охрабрам да го најдете тој соговорник на другата страна, вели евроамбасадорот Аиво Орав во неделното интервју на Радио Слободна Европа

Жители од Дебарскиот регион заедно со еколошките здруженија денеска го изразија својот револт против проектите „Луково поле” и „Бошков мост”во надлежност на ЕЛЕМ. Граѓаните кои протестираа се пожалија дека општинските власти, наместо поддршка им правеле притисоци и ги спречувале да демонстрираат

Добро е што сите се заминати од болницата и се во одлична здравствена состојба без одредени последици, но она што би апелирал е да се сочекаат резултатите од сите медицински анализи и, се разбира, наодите на МВР, вели Груевски

Ако некои немаат филтри, други воопшто немаат водовод. Околу 14 проценти од домаќинствата во Македонија немаат пристап до јавен водовод. Скоро 4 проценти вода пијат од бунар, 5 проценти од сопствен хидрофор, а останатите се снабдуваат со вода на непознати начини надвор од домот

Министерството со коешто раководи Никола Тодоров, нема пари за подобрување на катастрофалните услови во болницата во Крива Паланка, ама дава речиси 60 илјади евра за обезбедување на истата болница“, рече Борјанчо Мицевски

Од Клиниката за инфективни болести информираат дека денеска починала 60-годшна пациентка од Охрид, кај која е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А. Ова е петта жртва на грипот сезонава