Browsing: ПОЛИТИКА
Резултатите од судска медицина се уште ги нема добиено јавниот обвинител Ахмет Ахмеди, кој ја води истрагата со труење од гас, кое се случи во петокот во средното економско училиште „Гостивар“
Конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ ќе се одржи на први март кога ќе биде избран и кандидат за Претседател на Република Македонија. На Конвенцијата ќе учествуваат 1300 делегати со право на глас
Утре сите стечајци и технолошки вишок работници од Македонија на протестен марш во Скопје. „Не може да има пари за споменици, а да нема пари за стечајците“, поддрка од движењето за социјална правда Ленка и Левичарското движење Солидарност
Општина Центар денеска поднесе барање до Министерството за транспорт и врски за преземање на правото за вршење на работите за располагање со градежното земјиште во сопственост на Македонија за територијата за општина Центар-Скопје
Mакедонската градежна компанија „Гранит“ ќе ја заврши изградбата на новиот објект на Македонската филхармонија за 4,7 милиони евра
Две од петте деца, кои вчера беа потешко повредени при експлозија на бомба во ромската населба во Тетово, се сеуште хоспитализирани. Едното дете се наоѓа на Клиниката за детска хирургија, а другото е во болницата „8-ми Септември“ во Скопје, каде му била извршена операција на спалото
Петте деца кои денеска попладне беа повредени од експлозивна направа во ромската населба во Тетово, се надвор од животна опасност
Четири малолетници се повредени, две девојчиња на возраст од 13 и 14 години се хоспитализирани, најверојатно од повреди од експлозија на бомба
Единаесет луѓе кои биле примени преку огласот во „Македонски шуми“ се прераспределени да работат во Македонскиот културен центар, дознава НОВА. Станува збор за социјално ранливите категории граѓани кои јавно, преку лотаријата на МТВ беа избрани за да работат во „Македонски шуми“.
Ванчо Узунов, потпретседателот на СДСМ, ги најави мерките насочени кон зголемување на инвестициите и на извозот на малите и средните претпријатија
СДСМ го упатува Стевчо Јакимовски за претседателските избори да се обрати кај ВМРО-ДПМНЕ кои и така со задоволство ќе му помогнат во собирањето потписи за кандидатот за претседател на неговата партија, соопштува опозициската партија
Претседателот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, јавно ја повика СДСМ да застане позади кандидатот за претседател на Република Македонија на ГРОМ Зоран Поповски и тој да биде заеднички кандидат, во неможност да понудат сопствен















