Browsing: ПОЛИТИКА
На Клиниката за токсикологија повеќе нема ниту еден од учениците и вработените кои вчера вдишаа непознат гас во економското училиште во Гостивар. Сите си заминале на сопствено инсистирање, учениците со потпис од родителите
На годишен одмор никогаш не биле 17 отсто од македонските граѓани, покажува најновото истражување на „Евробарометар“.
Владата ќе потроши речиси 62 милиони денари или 1 милион евра за две нови кампањи во два огласи распишани во јануари. Изборот на најповолен понудувач за едната кампања ќе биде познат во понеделник, а за втората кампања на 28 фебруари, а пресуден ќе биде квалитетот кој носи 65 бодови
До 7 март државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат по електронска пошта да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список
Врз основа на идејните решенија, Градот Скопје изработи основни проекти за објектите “Метропол”, некогашна НАМА, за “Пелагонија”, за 7 згради на улица Никола Вапцаров, за 4 згради на улица Македонија и за 2 згради на улица Димитрие Чуповски
Вкупно 12 затруени, од кои седум ученици, и петмина вработени од средното економско училиште во Гостивар се донесени вечерва на Клиниката за токсикологија,со симптоми на труење од гас. Од Клиниката велат дека сите со лесна клиничка слика. Затруените вечерва ќе ги посети премиерот Груевски
Најмалку 14 ученици се отруени од непознат гас, во средното економско училиште во Гостивар јавува порталот Алмакос, од непотврдени извори
Кривични пријави ќе добијат петмината вработени од Катастарот кои добија откази, откако беа прогаласени за главни виновници за поништениот тендер за земјиштето кај Народната банка, јавува Телма
Ние имавме простор и дојдовме до ниво од 34% Јавен долг на Централната Влада. Можеби имаме уште мал простор за задолжување, но меѓутоа, треба веќе да застануваме, вели Богов
Дополнителни 124 милиони и осум илјади денари од Буџетот ќе побара Државната изборна комисија, финансиски средства кои им се неопходни за реализација на изборите за претседател на државата , закажани за 13 април годинава
Поддржани сме од европската левица постојано- во процесот на визна либерализација, евро-интеграциите, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска
СДСМ во пишана реакција на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, го повика директорот на Центарот за комуникации Илија Димовски на јавно соочување со потпретседателот Дамјан Манчевски















